19 Декември, 2025
0.0560

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Милевски ќе се повлече од функцијата министер, а во јавноста има реакции за балансерот за вработувања

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2022 20:49

Добивај вести на Viber

ГОРАН МИЛЕВСКИ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД МИНИСТЕРСКОТО МЕСТО

До Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски официјално не е доставена оставката што ја најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, велат за МИА од владината прес-служба.

Горан Милевски најави дека идната недела ќе се повлече од  функцијата министер за локална самоуправа во Владата. Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално.

-После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, вели Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата.

КРИТИКИ ЗА БАЛАНСЕРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊА

Лидерот на Демократки сојуз,  Павле Трајанов бара укинување на балансерот за вработување. Вели дека наместо по партиска линија, државните службеници да се вработуваат врз основа на нивната стручност. Трајанов вели дека младите и талентирани кадри ќе бидат изиграни. 

„Балансерот да се укине и сугерираме владата на една од наредните седници да расправа околу балансерот и да го укине бидејќи се злоупотребува.“ – Павле Трајанов, лидер на ДС

И од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа напуштање на балансерот, затоа што го нарушува системот на квалитет.

РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНА ТРПИ ЗАГУБИ ВО ХЕРСОН

Во реонот на населбата Правдино во областа Херсон, две украински чети, со поддршка на девет тенкови и 16 оклопни борбени возила, изведоа неуспешна офанзива, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-полковник Игор Конашенков.

Како што наведе, за време на борбите, руските сили за неколку часа убиле повеќе од 120 украински војници, и уништиле седум тенкови и 13 пешадиски борбени возила.

Портпаролот истакна дека во последните 24 часа руските воздушни сили, ракетните сили и артилерија вршат тешки огнени напади врз единиците и резервите на вооружените сили на Украина. Руските вооружени сили ги нападнале бригадите на вооружените сили на Украина во Дружковка, Артјомовск и Заицев во ДНР, при што загинале повеќе од 230 украински војници, ауништени се десет тенкови и 23 оклопни возила.

СНЕГ ПАДНА ВО ДЕЛ ОД БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ

Снег падна на Балканот. 

Во Хрватска, на планината Велебит, поточно на врвот Завижан, денеска падна првиот снег за оваа сезона, јави Државниот хидрометеоролошки завод. Температурата паднала на 3 степени Целзиусови под нулата.

Снег има и во Словенија. Кредарица на северозападот од земјата е под снежна покривка

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните