27 Ноември, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерството за правда предлага амнестија, ВМРО-ДПМНЕ најави блокада

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

ИМА НОВ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА

Министерството за правда го објави предлог Законот за амнестија.

Од затвор излегуваат сите осудени до 6 месеци,  оние со казни над 6 месеци ќе добијат за 30 oтсто намалени казни затвор.

Амнестијата не важи за лица осудени на доживотен затвор, осудени за убиство, силување, за кривични дела против избори, против државата, јавниот ред и мир, злоупотреба на функции и несовесно работење и за семејно и родово базирано насилство. Амнестијата нема да важи ниту за разбојништво, измами на штета на средства на Европската унија, перење пари, примање и давање поткуп.

ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА Е ВРЕМЕ ГРЦИЈА ДА ГИ ПРОМЕНИ ПАТОКАЗИТЕ

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев во интервјуто за грчката телевизија One Channel, што се емитуваше синоќа на полноќ, изјави дека следен чекор од Преспанскиот договор е комплетната промена на личните документи на граѓаните со новото уставно име, но и дека Грција и натаму има недовршени обврски.

- Оваа година или на почетокот од следната година граѓаните на Северна Македонија ќе го комплетираат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата. Мојата лично е променета со новото уставно име уште пред три години, многу луѓе во меѓувреме си ги обновуваат документите, а крајниот рок е февруари 2024, рече Заев.

КОВАЧЕВСКИ НАЈАВИ МЕРКИ ЗА ПОСКАПУВАЊАТА ВО МАЛОПРОДАЖБАТА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред медиумите рече дека вчера имал детален состанок со министрите за економија и за финансии на кој се разговарало за движењето на цените во малопродажвата. Тој најави дека ќе следуваат ригорозни мерки за трговците кои ги поскапуваат цените, како дел од антикризниот пакет во периодот што следува.

- Се забележува зголемување на цените во малопродажбата, се забележува зголемување на профитите во малопродажбата. Соодветно на тие анализи, ќе бидат предложени мерки од Владата кои ќе бидат ригорозни и нема да има пардон.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денес на прес-конференцијата рече дека до Владата поднел предлог-одлука за забрана на продажба под промоција и акција на производи во маркетите во земјата до 30 ноември. 

Фармацевтската компанија „Реплек“ објави промени во сопственичката структура преку Берзата, откако вчера поминаа две блок трансакции со акциите на таа компанија. 

Денеска берзанскиот ден го одбележа една блок трансакција  со акциите на Комерцијална банка, а вкупната вредност што некој ја плати за акциите на оваа најголема македонска банкарска институција изнесува 40 илјади евра.

По остварените надпросечни приходи и добивки за време на корона кризата, семејството Синадинови како сопственици на „Биотек Лабораторија“ во изминатиот период се во вистинска инвестициска експанзија.

Повторно лоши вести за домашната економија. Најновите податоци велат дека економскиот раст не се одвива според очекувањата, што е причина економските експерти да ги намалат очекувањата за вкупниот раст на домашната економија.

Секоја нова сторија која открива на кој начин најблиските на болните од канцер се снаоѓале со лекарства уште повеќе го зголемува револтот кај граѓаните кои сакаат точно да се знае кој сè е  вмешан во последната голема афера во македонскиот здравствен систем. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града