ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема договор меѓу Заев и Ахмети, а денес имаме 422 оздравени пациенти
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Август, 2020
ЗАЕВ И АХМЕТИ НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА
Разговорите продолжуваат, изјави попладнево Зоран Заев, лидерот на СДСМ по средбата со Али Ахмети, претседателот на ДУИ во Собранието.
Ахмети вели дека разговараат за да ги доближат ставовите.
Рече дека од двете страни ќе зависи дали ќе има позитивен епилог.
ЗА 24 ЧАСА ИМА НАД 400 ОЗДРАВЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТМинистерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5.
Почината е една пациентка од Скопје (70г.) во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942, бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327.
Денес се евидентираат 6 контролни теста и корекција за еден оздравен.НЕМА ЗАКЛУЧОК ЗА НАСТАВАТА ОД 1 СЕПТЕМВРИ
На средбата меѓу претставниците од Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести се водела долга дискусија околу моментално најактуелнта тема која се однесува на точно 23.000 ученици, нивните родители и сите просветни работници.
Од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека станува збор за комплициран процес и воопшто не е лесно да се пресече наеднаш, без да се договорат сите поединости.
-Крајниот збор ќе го има Министерството за образование и наука, а ние сме тука за здрасвтвените мерки и протоколи. Станува збор за комплексна работа. Во рашање се 23.000 ученици. За многу модели досега разговаравме, а еден од нив, кој мене лично и ми се допаѓа е учениците до 10 години да одат во училиште, а од погорните одделенија да имаат онлајн настава. Ако повозрасните ученици би биле дома, ќе има повеќе просторни можности за помалите, но ќе видиме, се уште е рано за одлуки, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести.
Истовремено појаснува дека остануваат многу работи да се додефинираат, напоменувајќи дека доколку се разболе некое дете, во тој случај цел клас би требало да оди во изолација цели две недели заедно со наставникот и ред други поединости.СЕ МЕНУВААТ УНИФОРМИТЕ ВО МВР
Министерството за внатрешни работи во врска со објавата на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу за потпишување на правни акти за воведување двојазични натписи на униформите на полицијата, како и правно толкување во однос на тоа што треба да преземе Министерството за внатрешни работи во идниот период, ја информира јавноста за следново:
Во Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/19) во членот 1 е утврдено дека на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во продолжение на истиот член се утврдува дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.
Согласно член 8 став (3) од наведениот закон, униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.