ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема карантин за Тетово, но наeсен можни се ограничувања за невакцинираните граѓани
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Јули, 2021 20:51
НАЕСЕН МОЖНИ СЕ РЕСТРИКЦИИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска рече дека сериозно размислуваат за евентуални рестриктивни мерки за настани на кои има масовни присуства без разлика дали се на отворено или затворено, и како што рече присуство на такви настани би било овозможено само со сертификат за вакцина против корона вирусот.
-Гледајќи дека нема повеќе интерес за вакцинација преку електронскиот систем, овозможивме вакцинација и без закажување термини. До крајот на јули ќе има околу 500.000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани со една доза, и уште толку ревакцинирани, но апсолутно сметам дека тоа не е доволно, посебно со појавата на новите соеви. Ги користиме сите механизми за да го зголемиме интересот, здравствените работници вложуваат огромна енергија. Мора граѓаните да сфатат дека вакцинацијата е единствениот излез. Дозволете да констатирам, веќе размислуваме и за други алетрантивнио решенија од есен. На пример да се присуствува на настан со масовно присуство, дали на отворено, дали во затворено, дали во кино, дали културен настан, дали други објекти, само со таков сертификат за вакцинација, истакна министерот Филипче.
Посочи и дека активно се спроведува вакцинација во сите вакцинални пунктови, во салите се одвива ревакцинација, додека во здравствените домови се спроведува вакцинацијата без закажување, како и теренската вакцинација, со која се олеснува пристапот до вакцините на жителите од руралните места.ДЕНЕС ИМА 18 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1.
Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.Теренската вакцинација утре (четврток) 15.07.21 ќе се одвива во следните населени места:
Делчево – Тодоровци
Тетово – Порој, Џепчиште, Ѓермо, Теарце, Пршовце, Глоѓи, Слатина, Лешок, Непроштено
Гостивар – Добридол, Неготино, ТоплицеФИЛИПЧЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ЖЕНАТА КОЈА БЕШЕ ВАКЦИНИРАНА ВО ПРИКОЛКА
Министерот Венко Филипче попладнево на твитер се обиде да објасни како настанала фотографијата на која медицински сестри вакцинираат повозрасна жена во дрвена приколка при теренската вакцинација која ги зовре социјалните мрежи. Додека повеќето коментари се дека станува збор за фотографија која вистински одразува во каква ситуација е здравството, па коментарите се дека објавата на потегот е „бедна“, Филипче вели дека кога ќе се слушне целата приказна тоа ќе стане гест за поздравување, а не за осуда.
„Станува збор за брачен пар кој живее во планинските колиби, место над село Ратево, Беровско. Местото е тешко пристапно, а лицата кои се вакцинираат на сликите воопшто не побарале асистенција или превоз од локалниот Здравствен дом во Берово. Тие одлучиле самите да дојдат на вакцинација до пунктот и се појавиле на местото. На пунктот имало санитетско возило со фрижидер за теренска вакцинација и биле вакцинирани целосно безбедно, спротивно на тоа што сака да се прикаже во јавноста.ВТОРО САМОУБИСТВО ВО ШТИП
Двојна трагедија во Штип - момче и девојка си го одзеле животот на идентичен начин. Жителите на градот се во шок, тага и неверување за трагичниот настан, многу прашања без одговори.
Штипската телевизија Стар јавува дека синоќа со бесење животот си го одзела 22 годишна девојка од градот. Претходно беше јавено дека завчера кај археолошкиот локалитет Баргала се обесило 25-годишно момче. Неговото тело го пронашле локални жители. Полицијата извршила увид, а телото било предадено на обдукција.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Станува сѐ поизвесно дека и оваа туристичка сезона ќе пропадне.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





