ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема продолжување на учебната година, ќе заврши на 10 јуни
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2022 21:26
НЕМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА
Владата одлучи дека нема да има продолжување на учебната година.
Владата на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.
РЕАКЦИИ ЗА ОДЛУКАТА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА
Ова секако е значаен и историски ден бидејќи македонската црква веќе не е во раскол, не е надвор од Православието. Таа е сега православна црква чиј статус не е уреден, но која може да сослужува со другите православни цркви, вели познатиот новинар и познавач на црковното прашање Бранко Ѓоргевски за Трилинг.
„Од одлуката на Вселенската патријаршија произлегува дека таа ќе сослужува со македонските црковни достоинственици, но другите православни цркви за тоа сами ќе решаваат.Скандал! Скопје и ја украде Бугарската Охридска Архиепископија од Бугарија, е наслов во бугарскиот медиум Епицентар.
Македонската православна црква беше изненадувачки призната од Вселенската патријаршија како Охридска архиепископија - во изминатите години Бугарската архиепископија во Охрид беше од големо значење за опстанокот на Бугарите како народ и духовност. Тоа е, исто така, најдолгата постоечка црковна институција - речиси 750 години, пишува медиумот.УКРАИНА ГО ПРЕКИНА ПРОТОКОТ НА РУСКИ ГАС ПРЕКУ ЛУГАНСК
Украина го прекина протoкот на руски гас преку Луганск поради „виша сила“.
Киев како причина за запирањето на третина од протекот на гас кон Европа наведе „виша сила“, додека Газпром вели дека немало проблеми што би го оправдале запирањето.
Украина продолжи да биде главната транзитна рута за рускиот гас до Европа дури и по руската инвазија на земјата на 24 февруари, вели Ројтерс.
ГТСОУ соопшти дека не може да ги врши операциите на гасната компресорска станица Новопсков на локацијата поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




