18 Мај, 2024
0.0311

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Николовски вели бил изложен на јавен линч, а обвинителството соопшти дека нема поврзаност меѓу него и дојавите за бомби

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

НИКОЛА НИКОЛОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА БИЛ ИЗЛОЖЕН НА ЈАВЕН ЛИНЧ

Никола Николовски кој беше осомничен дека ги испратил мејловите до скопските училишта за закани за бомби, вели дека слободната мисла е повредна од секоја закана, притисок и уцена. 

Тој порача дека нема да го замолчат. Вчера тој беше уапсен, а потоа и ослободен. 

„Во текот на вчерашниот ден, среде бел ден и во време на вршење на моите работни обврски бев лишен од слобода, по што до доцните часови бев држен во полициска станица, без можност за контакт со моите пријатели, роднини и најтесното семејство. Јавен распит, претрес на мојот дом од страна на 10 полицајци, меѓу кои имаше и вооружени, мое спроведување од полициска станица до дома во придружба на вооружени службеници како најголем криминалец, товарење за дело кое не сум го направил и е АПСОЛУТНА НЕВИСТИНА! Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла. Тоа што не те убива, те прави посилен“. Затоа продолжувам со засилено темпо јавно да го искажувам моето мислење, но овој пат наместо под псевдоним ќе го додадам и моето име: Никола Николовски“, стои во неговата изјава на социјалната мрежа Инстаграм.

ОЈО ВЕЛИ НЕМА ПОВРЗАНОСТ МЕЃУ УАПСЕНИОТ И ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ

Од Обвинителството соoпштија дека нема никаква поврзаност меѓу уапсениот Никола Николовски и алармите за бомби во средните училишта.

„Во текот на минатата ноќ со инструкции од јавен обвинител извршени се сите неопходни дејствија со цел да не се држи дополнително лицето. Имајќи превид дека првичните вештачења не покажале поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по распитот било пуштено на слобода“, порачаа од Обвинителство. 

ИМА ЗАМЕНА ЗА СОФИЈАНОВА И ВАСЕВ

Стојка Нацева-Фуштиќ и Виолета Клисаровска  се назначени за в.д. директори на Детската клиника и на Онкологија. 

Тие се именувани како вршители на должност до именување на медицински директор, по распишување конкурс, но не подолго од шест месеци.

Нивното назначување се случува по разрешувањето на Аспазија Софијанова и доктор Никола Васев кои ги депонираа своите оставки на функциите до Министерството за здравство (МЗ) по барање на министерот Беким Сали. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од власта и вчера немаше официјална информација дали е набавен гас за после 15 ноември оваа година, за загревање на топланите Исток и Запад, кои, пак, треба да обезбедат топлинска енергија за над 60 илјади скопски домаќинства.

Од декември до мај (до новото акционерско собрание н.з.) „Европа“ ќе потроши до 1,65 милиони евра за да купува стоки и услуги од својот најголем акционер „Фершпед“. А тоа е нешто помалку од 20% од сите трошоци кои „Европа’ ги прави за девет месеци. Дали ова ќе биде рецепт за сите компании кои имаат акционерски врски во овие тешки и кризни времиња во кои ликвидноста ќе биде повредна од злато?

Иако важи за супер храна, македонските граѓани многу ретко садат брусница.

По вчерашните дојави за бомби во неколку скопски средни училишта, а за кои повторно се утврди дека се лажни, не стивнуваат реакциите на родителите, но и на самите професори за тоа колку ваквите настани може да предизвикаат вистинска трагедија. Велат кој и да се шегува, си игра со оган. Дел од нив веќе апелираат наставата да почне да се одвива онлајн додека не се смири ситуацијата.

Буџет креиран според потребите, а не според можностите. Високите цени и понатаму ќе не „стресираат“, а вистинско стабилизирање на економијата може да очекуваме со стабилизирање на политичките и безбедносни турбуленции. Ова е накратко ставот на економистите во земјава по најавата на буџетот за следната година. 

Македонија беше една од најдобро оценетите земји во Европската енергетска заедница, со обврските за либерализација на пазарот на струја и ветувањата дека до 2030 година ќе ги затвори електраните на јаглен. Но, заканите од енергетска сиромаштија во пресрет на зимата и грејната сезона ги покажаа сите слабости на виделина.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8