25 Ноември, 2024
0.0276

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 123 заразени, меѓу нив и функционери на ДУИ

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

ЗА 24 ЧАСА ИМА 123 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД -19

Во Македонија денеска има помалку заразени и помалку починати од коронавирусот од вчера. 

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1.

Институтот за јавно здравје денеска евидентира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Кичево-5, Ресен-5.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години.

ПОЗИТИВНИ И ДВАЈЦА МИНИСТРИ

Министерот за образование Арбр Адеми е позитивен на коронавирусот. Информацијата ја сподели на фејсбук. Соопшти дека синоќа почувствувал некои лесни симтоми, а по сомнежите дека станува збор за вирусот се тестирал на Ковид-19.

„Почитувајте ги мерките и пртоколите за ваше и за здравјето на вашите најблиски, вели Адеми. 


Вчера и министерот за економија Крешник Бектеши објави дека е позитивен. Двајцата се сопартијци и блиски соработници.

БОКИ 13 ЈА ПОСОЧИ  ВЛАСТА ЗА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“, ЦАРОВСКА ЌЕ ГО ТУЖИ

Бојан Јовановски, обвинетиот во случајот „Меѓународен сијуз“, на денешното рочиште рече дека Мила Царовска, актуелниот вицепремиер за економски прашања и поранешна министерка за труд и социјална политика, ја донела кај него Лилјана Тодоровска, жена која подоцна се испостави дека добила на сметка 750.000 евра и имала задача да ги извлече и да ги предаде парите.

- Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници,  а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски, рече Јовановски.

За Тодоровска беше објавувано дека е член на основачкото собрание на „Меѓународен сојуз“ а била и претседател на едно од Здруженијата на пензионери во земјава.

Најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета, објави попладнево Мила Царовска. Тој како обвинет во случајот со неговата невладина организација Меѓународен сојуз на денешното рочиште изјави дека Царовска, вицепремиер за економски прашања и поранешна министерка за труд и социјална политика, ја донела кај него Лилјана Тодоровска, жена која подоцна се испостави дека добила на сметка 750.000 евра и имала задача да ги извлече и да ги предаде парите.

Царовска вели дека не ја познава Тодоровска. 

АНТИКОРУПЦИСКА РЕАГИРА ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО НА СЕСТРАТА НА ЈАНЕВА

Државната комисија за спречување на корупција на денешната прес-конференција информираше дека открила наоди според кои сестрата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Лиле Делиџакова, пред две години е поставена за потпретседател на Комисијата за хартии од вредност откако поминал рокот за пријавување.

- Владата го направила изборот на 17 април 2018, но со документи од Делиџакова кои биле извадени подоцна од рокот за пријавување на апликацијата на Комисијата за хартии од вредност. Во самиот јавен оглас на КХВ се вели дека документите и пријавите после датумот за пријавување нема да се земат во предвид. На дел од документацијката во досието на Делиџакова се гледа дека тие се извадени на 23 и 24 април. Владата ја избрала без да биде избрана целокупната документација, рече Софија Пеовска Дојчиновска, потпретседателката на ДКСК.

Од Антикорупциска велат дека не добиле повратно објаснување од комисијата и дека Владата може да формира комисија за избори за разгледување на прашања од кадровската политика.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Секретаријатот за европски прашања, СЕП, на вицепремиерот Бујар Османи, потрошил само 91 евро на капитални инвестиции за цели шест месеци, односно во првата половина од годинава.

ГОБ „8 Септември“ оваа недела интензивно се подготвува да почне со редовни операции и за пациентите кои до сега чекаа да бидат ставени на програма. 

Според директорот на оваа болничка установа, д-р. Христијан Костов, од средината на март, откако ГОБ „8 Септември“ стана најголемиот Ковид-центар, хируршките зафати беа сведени на минимум, односно се праве аоперации само на итните случаи.

Промет од 358.000 евра со акцијата на „Комерцијална банка“ со просечна цена од 6.000 денари на 13 јули два дена пред изборите. 

Нов кластер на позитивни со корона висрусот е компанијата „Метро“ која препакува смрзната риба, потврди за Фактор директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов. 

Тој појаснува дека во оваа компанија од вкупниот број вработени 22, позитивни на Ковид-19  се половина од нив, односно 11.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик