25 Ноември, 2024
0.0325

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 138 заразени, почина 27 годишен битолчанец

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Август, 2020

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС 138 ПОЗИТИВНИ, ПОЧИНА МОМЧЕ ОД БИТОЛА

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-10, Штип-16, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-10, Крива Паланка-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Виница-2, Кратово-1, Кичево-3, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од: Скопје-105, Штип-9, Прилеп-2, Тетово-4, Велес-1, Битола-5, Гостивар-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово-1, Кичево-7, Ресен-2.

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

ИНЦИДЕНТ СЕ СЛУЧИ ВО КРУШЕВО

Во Крушево на Гумење ноќеска се тепале коњаници од Скопско Лисиче, а полицаец пукал во воздух да ги смири, потврдуваат од полицијата. 

Во 2 часот по полноќ, полицаец што патролирал на местото викано Гумење, забележал тепачка меѓу крушевчанецот К.К од една страна и петорица скопјани од друга страна, при што тие меѓусебно си размениле по неколку удари со раце и нозе. Скопјаните биле дојдени од Лисиче со коњаницата. Полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, по што тепачката престанала.

Дека имало инцидент на социјалните мрежи објави и градоначалникот Томе Христоски. 

ЈАНЧЕВ И МУЦУНСКИ ВЛЕГОА ВО КАВГА

Во партијата е слично како и во бизнисот, не може да се оди напред ако се толерираат оние кои прават сплетки и кои се губитници, му порача градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев на новиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, објави Фокус

„Се согласувам дека ВМРО -ДПМНЕ не е АД, и уште помалку сметам дека е ДООЕЛ. Се согласувам дека статусот и функцијата треба да се добијат демократски, односно целосно спротивно од начинот на кој Мицкоски беше избран. Беше единствен кандидат форсиран и определен од поединци. Јас не би сакал да го преземам ВМРО-ДПМНЕ на начинот на кој што Мицкоски стана претседател. Напротив, ќе се борам партијата да се нормализира и демократизира. Да се организира фер и демократски конгрес на кој ќе може да учествува секој чесен вмровец кој има визија, програма и енергија да го врати ВМРО на победничката патека„, вели Јанчев.

Тие влегоа во преписка преку социајлни мрежи и медиуми, откако Јанчев изјави дека ќе ја преземе ВМРО-ДПМНЕ, нешто со шшто Муцунски не се согласува. 

Муцунски смета  дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, а не акционерско друштво за да се преземе. 

„За мене терминологијата е многу значајна. ’Преземање‘ се прави на корпоративен ентитет. Постојат повеќе видови на преземања коишто ги познава современото корпоративно управување. За разлика од корпоративниот свет, во науката за политиката и политичката пракса статусот/функцијата во демократските земји се здобива преку демократски методи. ’Демократија‘ и ’преземање‘ се веројатно два најдалечни поими во еден современ политички систем. Во таа смисла, ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, туку политичка партија. Оттука, легитимитетот го дава и го одзема највредниот дел од партијата – членовите“, напиша Муцунски на Фејсбук.

РЕАКЦИИ ЗА ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега граѓаните ќе го плаќаат, како што велат тие, предизборниот поткуп за наводна поддршка со поскапувањето на струјата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поскапувањето на 1500 денари нема да биде 100 денари како што вели Марко Бислимовски, туку ќе биде многу повеќе, пресметувајќи дека едно просечно семејство ќе плаќа 12 илјади денари повеќе годишно.

Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за енергетика. 

Партијата реагира на поскапувањето на струјата, оценувајќи ја одлуката како ненародна. Eден од предлозите е укинување на Регулаторната комисија за енергетика и инкорпорирање на нејзините ингеренции во Министерството за економија.

Левица предлага и промена на начинот на функционирање на ЕСМ во однос на продажбата на вишоците, односно ЕСМ да го заштеди водниот потенцијал со целогодишен увоз на одредена количина на електрична енергија по економско прифатлива цена, додека во месеците кога енергијата е скапа да продава од заштедените акумулации, како и мораториум за вработување во овие енергетски компании.

Политичката партија обвини дека еден од главните виновници за поскапувањето на струјата се енергетските политики на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик