ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 88 заразени од коронавирусот, штипјанец по втор пат се заразил
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Август, 2020
ЗА 24 ЧАСА 88 ИНФИЦИРАНИ И 6 ПОЧИНАТИ
Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 23
-Куманово 8
-Дебар 2
-Штип 10
-Прилеп 3
-Тетово 2
-Струга 11
-Велес 2
-Битола 3
-Охрид 8
-Кавадарци 1
-Гостивар 4
-Струмица 1
-Македонски Брод 4
-Виница 2
-Свети Николе 2
-Кичево 2
Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од:
-Скопје 57
-Дебар 1
-Штип 11
-Прилеп 8
-Тетово 11
-Велес 1
-Гостивар 2
-Кочани 4
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 10
-Кичево 2
-Ресен 5
ШТИПЈАНЕЦ ПО ВТОР ПАТ СЕ ЗАРАЗИЛ
Излекуван штипjанец по втор пат се заразил со коронавирусот.
Информацијата ја соопшти директорот на штипската клиничка болница Ален Ѓеорѓијев, кој кажа дека пациентот се наоѓа на болничко лекување.
На инфективното одделение во Штип во моментов се лекуваат 35 пациенти заболени од Ковид 19, а 11 се сомнителни случаи.
Најмногу пациенти има од Штип, но има и од Кочани, Виница, Пробиштип, Берово и од други места.
Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19.ВО ПОСЛЕДНАТА НЕДЕЛА ОД ЈУЛИ ЗАРАЗЕНИ ИМАЛО ВО 28 ГРАДА
Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за неделата од 27.јули до 2.август покажува дека новозаразени граѓани со корона вирусот се регистрирани во 28 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (27,9% – бележи благо намалување три недели по ред), во Штип (12,2%) и во Гостивар (11,2%). Во 19 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20. Извештајот покажува и дека во воследната недела најули се регистрирани 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7%, во однос на претходната недела.
-Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 75,9%. Во болнички услови се починати 24 од случаите, а пет вон болнички. Кај 23 од смртните случаи (79,3%) се регистрирани претходни коморбидитети, се наведува во извештајот на ИЈЗ.НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛЧЕВО, ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ ВО ОХРИД
Силен ветер урна кров на зграда во Делчево.
Невреме денеска го зафати градот на истокот.
Ветерот однесе неколку лимени покриви меѓу кои и на една од зградите во центарот на градот.
Нема повредени во невремето.„Охрид како Венеција“. Видео со ваков наслов се појави на социјалните мрежи, и покажува дека се поплавени улиците во Охрид.
Поплавен е плоштадот во овој македонски град.
Ова се гледа на фотографиите и видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи. Утрово Охрид го зафатија силни врнежи на дожд.СТРАОТНА ЕКСПЛОЗИЈА ОДНЕСЕ НАД СТО ЖИВОТИ ВО БЕЈРУТ
Во Бејрут прогласена e вонредна состојба на две недели.
Либан прогласи вонредна состојба за градот Бејрут по катастрофалната експлозија вчера во пристаништето во која загинаа над сто луѓе, а беа повредени неколку илјади.
Владата одлучи да ги стави во домашен притвор сите службеници од пристаништето во Бејрут, задолжени за надзор и безбедност на магацинот. Војската ќе проверува дали се во домашен притвор додека не се утврди одговорноста за вчерашната експлозија.
Експлозијата се случи вчера попладне, а се смета дека е предизвикана од несоодветно чување на скоро 3 илјади тони амониум нитрат кој се користи за правење експлозиви, полнење гранати, но и за производство на вештачко ѓубриво.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Пехчево и Валандово се два македонски града кои немаат ниту еден активен случај на коронавирус.
Бројот на починати во Македонија надмина 500. Од вчера веќе има точно 505 починати пациенти од корона вирусот, а бројот на заразени е повеќе од 11.000 граѓани. Ваквиот тренд е ресултат единствено на непочитување на мерките за кои Комисијата за заразни болести упорно зборува во изминатите речиси 6 месеци.
Влада сигурно ќе имаме, а изборите нема да се повторат, децидни се експертите со кои разговараше Фактор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.