26 Ноември, 2024
0.0356

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови протести за струјата, денес 142 позитивни на коронавирусот и 5 починати

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

И ДЕНЕС СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА


Граѓанските организации попладнево повторно излегоа на протест против поскапување на струјата.

Дел од барањата се веднаш да се повлече одлуката за поскапувањето на електричната енергија и да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто.

Протестот започна во 18 часот и тргна од „Чаирчанка“ и заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.

Четврта недела по ред граѓаните поради покачувањето на цената на електричната енергија за 7,5 отсто. 

Два протести досега одржа и ВМРО-ДПМНЕ. Тие денеска блокираа улици во Скопје. 

НОВИ 142 ПОЗИТИВНИ И 5 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-18, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-13, Струга-3, Битола-4, Гостивар-9, Струмица-4, Крива Паланка-8, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-1, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2 и Ресен-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од: Скопје-20, Куманово-10, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-11, Велес-4, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-1, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-3 и Кичево-5. 

Починати се 5 лица, пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г). 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15555,  бројката на оздравени пациенти е 12994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919.

УАПСЕН ГОСТИВАРЕЦОТ КОЈ ЈА УБИ СОПРУГАТА СО СЕКИРА

Во селото Страјане е уапсен мажот кој вчера со секира ја уби сопругата во Гостивар. 

Полицијата го уапси Б.И.(67) кој е осомничен за убиство на својата сопруга, 60 годишната Џ.И.

Безживотното тело на убиената жена, со повреди од секира, го пронајде нејзиниот 30-годишен син, В.И, и веднаш го пријавил случајот во полицијата.

И МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ НА ИСТА ВОЗРАСТ ВО ПЕНЗИЈА

Нема да има намалување на старосната граница за пензионирање, но во пензиските реформи ќе има изедначување на годините за пензионирање на мажите и жените, изјави денеска Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

„Ние пензиските реформи ги навестивме и веќе следната недела имаме меѓусекторски состанок. Сакам да потенцирам дека во предвидените измени не е планирано намалување на возрасната граница за пензионирање туку изедначување на возраста за пензионирањето меѓу мажите и жените што е и уставна категорија, рече Битиќи.

Изедначувањето сепак не беше споменето во програмата на Владата за новиот мандат. Веќе пишувавме дека Владата планира да даде можност за предвремено пензионирање, но со намалување на износот за пензија.

НА СИНОТ НА ЖАН МИТРЕВ МУ СЕ СУДИ ЗА ТЕРОРИЗАМ

Групата од три момчиња, која ја водел Филан, беше уапсена во ноември 2019 во обид да извршат напад во кој би убиле што повеќе „неверници“. Германските медиуми го користат примерот како доказ дека жртви на радикалните групи не се само млади кои потекнуваат од сиромашни семејства, oбјави 360 степени. 

Започна судскиот процес во Франкфурт во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Ф.М. инаку родум од Македонија.

Вака изминатава недела почнаа да известуваат дел од германските медиуми за случајот во кој минатата година, во ноември, уапсени беа три лица на возраст од 24, 22 и 21 година од кои останатите двајца биле од Турција.

44 ПРАТЕНИЦИ БАРААТ АПАНАЖА

Досега 44 пратеници од претходниот парламентарен состав побарале да користат апанажа, брифира претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој вели дека се уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри. 

Инаку се уште не е одредено ама Џафери вели дека ако добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, тој овој предлог ќе достави на гласање. 

Сепак тој лично не очекува такво нешто ама најавува ако некои пратеници се откажат од користењето службени возила да направи паркинг за тротинети за да доаѓаат на работа со нив. 

АТИЏЕ МУРАТОВА СЕ ЧУВСТВУВА ЗАГРОЗЕНА

Атиџе Муратова која стана позната во јавноста по филмот „Медена земја“ бара помош, затоа што трпи закани од насилен сосед. 

Вели дека не може веќе да живее во страв. 

Таа преку порталот ММС.мк, раскажа дека овој проблем трае со години. 

„Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејќи ми е страв од него. Колку е постар толку е поневозможно да се комуницира со него. Ми го бутна ѕидот каде што ја чувам кравата, за да ми избега. Го прашав зошто го правиш ова. А тој скокна кон мене да ми вика, јас многу се исплашив. Еден ден ќе ме убие и никому ништо“, вели Атиџе која додава дека се јавила и во полицијата во Свети Николе.

Таа вели дека го пријавувала соседот повеќе пати, но дека полицијата доаѓала и само го опоменувала.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Годинава, како и секоја, на 8 септември, го прославивме еден од најголемите национални и државни празници-Денот на независноста.

Борислав Крмов, вториот пратеник од Левица во македонското Собрание покрај партискиот лидер Димитар Апасиев, во Анкетниот лист како сопственост единствено пријавил стан во Штип од 65 метри квадратни купен во 2015 а со вредност од два милиони денари. За Апасиев се уште не е објавена личната имотната состојба и онаа на неговите најблиски.

Агенцијата за електронски комуникации, регулаторот надлежен за надзор врз телекомуникациските оператори и радиофреквенциите, годинава има намера да потроши речиси двојно повеќе пари од она што првично го планирале на почетокот на годинава.

Скопска Стопанска банка за шест месеци инјектира 31,2 милиони евра во кредити за фирми и со тоа во вкупниот раст на кредитирање на фирми учествува со неверојатни 49 отсто. 

Остануваме на констатацијата дека и понатаму јавниот сектор ќе го спасува приватниот, за после тоа приватниот сектор да може да го спаси јавниот сектор. Исто така договорено е да суетите се остават на страна, да може транспарентно да се зборува за се, што е поврзано со бизнисот и да се поддржи извозот, индустријата, кои ќе останат на нозе. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик