25 Ноември, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбјавени фирмите кои ги злоупотребиле субвенциите, денес нови 119 инфицирани

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

ВЛАДАТА ГИ ОБЈАВИ ФИРМИТЕ КОИ ЗЕМАЛЕ СУБВЕНЦИИ, А НЕ ИСПЛАТИЛЕ ПЛАТИ

Владата ја објави листата на фирми кои зеле државна помош, а не им исплатиле плати на вработените. 

Се работи за компании кои се занимаваат со увоз - извоз, транспорт, модни студија, кафулиња и други. 

Ги има буквално од секој ден на Македонија. 

Имаше бурни реакции дека овие фирми треба кривично да одговараат, а не само да бидат јавно објавени. 

Откако се обелодени дека имало злоупотреби, газдите почнале да ги префрлаат парите на вработени. 

Листата на фирми можете да ја видите на следниот линк

НОВИ 119 ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД -19

Министерството за здравство соопшти дека денеска во Македонија од 1.325 теста, има 119 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје се регистрирани 35, 17 во Штип, 15 во Куманово, по осум во Битола, Гостивар и Кичево, пет во Демир Хисар, четири во Тетово, по три во Прилеп, Струга, Велес и Охрид, два случаи во Кавадарци и по еден случај во Крива Паланка, Кочани, Берово, Свети Николе и Ресен.

Според последната статистика починати четири лица во изминатото деноноќие. Три пациенти од Скопје на 65, 66 и 73 години и еден пациент од Гостивар на 72-годишна возраст. 

Институтот за јавно здравје информира дека 89 се оздравени, од кои 26 од Тетово, 22 од Скопје, 12 од Штип, десет од Куманово, по четири од Битола и Ресен, три од Кичево, по два од Пробиштип и Свети Николе и по еден од Струга, Велес, Демир Хисар и Кратово.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти,а вкупно е хоспитализиран 81 пациент. Од нив, на кислородна поддршка се 40 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани десет возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и две деца позитивни на вирусот.

ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ

Поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, кој на оваа функција дојде во јуни, денеска објави преку својот профил на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19.

-Имајќи ја одговорноста кон моето семејство, моите соработници, како и кон сите граѓани и верници, одлучив да направам тест за Ковид-19, кој што излезе позитивен.

Моментално, се е нормално без никаков проблематичен симптом. Ги почитувам медицинските препораки и сум во домашна самоизолација, пишува во својата објава на Фејсбук, поглаварот на ИВЗ, Фетаху. 

ЉУПЧО ЗЛАТЕВ ОБВИНЕТ ЗА ОДДАВАЊЕ ДРЖАВНА ТАЈНА

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице новинарот Љупчо Златев за оддавање службена тајна. 

„Во текот на првата половина на јули, како главен и одговорен уредник на интернет портал, обвинетиот направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин. Според внатрешните прописи на Агенцијата, објавените информации се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата национална безбедност, објаснуваат од Обвинителството

Објаснуваат дека на 9 јули на интернет порталот и на Фејсбук страницата на тој интернет портал, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“.

На 12 јули, пак, на интернет порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“. 

НАПНАТО ВО СИНИЧАНЕ

Првиот човек на Владата, Оливер Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката Лејла Кадриу која тврдеше дека телефонски искомуницирала со  Спасовски, а тој ги нарекол жителите на Синичане и обвинителката криминалци. 

Таму се создадоа тензии поради водоводот. 

За ТВ21 Спасовски изјави дека на телефон му се јавила самата обвинителка, а тој и рекол дека нема потреба да се јавува кај премиерот и дека има главен обвинител со кого треба да зборува.

Спасовски вели дека ги поддржува жителите на Синичане за решавање на нивните проблеми, а додава дека ова решение ќе дојде во законски рамки, со потребната документација, проект и дозвола за изградба од страна на Општината. 

„Владата е подготвена да помогне во се што е во интерес на граѓаните“, вели Спасовски.

ОЈО ќе ја истражува работата на тетовската обвинителка во случајот со водоводот во Синичане. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата планира да ги објави јавно фирмите кои земале државни субевниции, а на своите вработени не им ги исплатиле платите. 

Огромен е бројот на родителите кои загрижено прашуваат кој ќе ги чува децата,  бидејќи со почетокот на пандемијата градинките беа први кои ги затворија вратите.

Комерцијална банка за половина година направи добивка што надмина 12 милиони евра. Клуч за успехот се останатите приходи што значи продажба на имот што бил превземен врз основ на ненаплатени кредити.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик