ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од Ковид - 19 починаа 10 луѓе, Грците ги затворија премините, а ДУИ праќа смирувачки сигнали
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Јули, 2020
НОВИ 10 ЖРТВИ НА КОРОНАВИРУСОТ
За 24 часа се направени 1.437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19.
Најголем дел од нив се во главниот град, објави Министерството за здравство. Во Скопје има 64, Куманово-7, Штип-19, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-14, Велес-1, Битола-2, Охрид-5, Гостивар-6, Радовиш-2, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-3, Кичево -4 нови заразени.
нститутот за јавно здравје денеска регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Штип-10, Тетово-11, Струга-25, Велес-3, Охрид-36, Гостивар-5.
Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години. Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81-годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години.
ГРЦИТЕ ГИ ЗАТВОРИЈА ПРЕМИНИТЕ ДОЈРАНИ И МЕЏИТЛИЈА
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Стар Дојран“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Дојрани“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).
Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.
Претходно соопштија дека се затвора и Меџитлија.ЗАЕВ ОДМОРА ВО ПРЕСПА
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук сподели фотографии од локацијата каде го поминува одморот.
Тој летува во Македонија, поточно во Љубојно.
„Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има сѐ“, пишува Заев.
По одморот ќе следат разговори за составување на новата Влада.СМИРУВАЧКИ ТОНОВИ ОД ДУИ
Смирувачка порака денеска упати Артан Груби од ДУИ на Фејсбук.
„Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел да продолжиме на нашиот евроатлански пат, толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, но и економско закрепнување за да се поправат последиците од ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“, напиша Груби.ГРУЕВСКИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ
Никола Груевски повеќе нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ваква одлука донесе Централниот комитет на партијата на состанокот синоќа. Беа усвоени статутарни измени со кои освен прашањето за почесен претседател се уредуваат и други. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандати на регуларен избор, евентуално би можел да добие и трет мандат, но само доколку биде поддржан од две третини од телата коишто го бираат.
„Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува односно ниту Никола Груевски, ниту било кој друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели. Такво нешто статутот не предвидува - рече Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно за почесен претседател беше назначен и Љубчо Георгиевски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Од 1 мај до 21 јули годинава повеќе од 31.000 граѓани се затекнати без заштитни маски и се казнети.
По речиси цели два месеца, вчера прв пат во Македонија немаше починати пациенти од корона вирусот.
Државата собрала во буџетот од акцизи нешто над 8 милијарди денари во првите пет месеци годинава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.