28 Април, 2024
0.0323

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Откриен е британскиот сој на коронавирусот во земјава, денес има скоро 400 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

ДЕТЕКТИРАН Е БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ КАЈ НАС

Во земјава веќе е детектиран британскиот сој на коронавирусот. 

Она што треба да го знаеме е дека симптомите се слични како и кај првата варијанта: висока температура, непрекинато кашлање, губење на мирис и вкус. Тој ги напаѓа помладите, но и децата. Откако вирусот ќе го напушти нивното тело, може и натаму да чувствуваат тешко дишење и болки во мускулите и зглобовите. Оваа варијантата е позаразна од претходните, но доказите не укажуваат на тоа дека сојот е посмртоносен. 

Министерството за здравство соопшти дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. 

Се работи за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен. 

ЗА 24 ЧАСА СКОРО 400 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 190, Кавадарци – 29, Велес – 19, Делчево – 16, Куманово – 14, Охрид – 12, Дебар – 12, Гостивар – 11, Прилеп – 7, Штип – 7, Битола – 7, Берово – 7, Демир Капија – 7, Кичево – 6, Тетово – 5, Струмица – 5, Гевгелија – 5, Свети Николе – 4, Неготино – 4, Виница – 4, Струга – 3, Кочани – 3, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Крушево – 3, Ресен – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2 и Пехчево - 2.

Регистрирани се 387 оздравени пациенти од:

Скопје – 255, Куманово – 21, Тетово – 15, Струмица – 15, Велес – 14, Ресен – 12, Битола – 11, Дебар – 8, Гостивар – 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Кичево – 3, Демир Хисар – 3, Делчево – 2, Охрид – 2, Гевгелија – 2, Свети Николе – 2, Кочани – 2, Богданци – 2, Берово – 1, Валандово – 1.  

Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.

ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА

Утрово во 7.44 часот во Маврово е регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени според Европската макросеизмичка скала.

Овој е последен и најсилен од серијата земјотреси кои беа почувствуванаи во тој регион во текот на целата измината ноќ. 

Имено според податоците првиот слаб земјотрес е во 21.03 часот, потоа во 1.36 часот е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,2 степени, а следните два се во 2.29 и 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала. 

СИТЕ ШТО СЕ ЖРТВИ ВО „ЈАВНА СОБА“ ДА ПРИЈАВАТ

Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. 

Ова го изјавија од МВР на барање на Фактор.

Од Полицијата велат дека секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба, тоа треба да го пројави во најблиската полициска станица. 

„Го повикуваме секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки“, велат од Министерството за внатрешни работи.

МВР нагласува дека презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжат и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Светозар Јаневски е претседател на УО на ВВ „Тиквеш“. Неговата желба е да имаме оптимистички поглед на оваа година и да ги примениме лекциите на кои не научи претходната. Министерот за здравство да го има помалку во медиумите, но и да размислуваме пошироко, како да дадеме свој придонес за општетството.

Драстично се намалил бројот на увезени половни возила лани во споредба со претходната година, говорат најновите податоци на Царинската управа.

Вакцините на Фајзер во Европа доцнат бидејќи производителот најави застој во производството, по што дел од европските држави, пред сè Шведска, најавија судски тужби. Нашите здравствени власти, во услови кога има недостиг од вакцината која ја преферира западот најавија дека почнале преговори за набавка на 200.000 дози од кинеските производители „Синовак“ и „Синофарм“.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има најголема „заработка“ на средства од националниот буџет и во 2020-та година, откако Министерството за правда на 25 декември им ги префрлило и остатокот од средствата кој законски им следуваше на политичките партии, а требаше да им бидат исплатени до крајот на годината.

Градот Берово скоро година дена е без превоз откако почна пандемијата на коронавирусот.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски и професорите Борче Треновски и Марјан Петрески се владините предлози за нови неизвршни членови на Советот на Народната банка на Северна Македонија. 

Директорката на Клиниката за Нефрологија, д-р. Ирена Бушлетиќ за Фактор потврди дека досегашните тестови на вработениот медицински кадар покажале дека во оваа здравствена институција има 21 позитивен на Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир