26 Ноември, 2024
0.0276

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пандемијата не стивнува, денес нови 140 позитивни

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ЗА 24 ЧАСА ИМА 140 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит од: Скопје-66, Куманово-8, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-8, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-2 Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Делчево-5, Свети Николе-5, Неготино-1.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694,  бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920. 

ЖАН МИТРЕВ ВЕЛИ ДЕКА СИН МУ ГО ИЗБРАЛ НАЈЛОШИОТ ПАТ

Додека беше малолетен, се обидував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри, изјавил доктор Жан Митрев за синот кому му се суди во Германија. 

„Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, изјавил Митрев за Сител.

На Филан Митрев, син од првиот брак на д-р Митрев, му се суди во судот во Франкфурт за планирање терористички напад. 

Тој беше уапсен во ноември 2019 година, и од тогаш до судењето, кое почна на 2 септември, се наоѓаше во притвор.

ДАРКО ПАНЧЕВ ДЕМАНТИРА ДЕКА ИМАЛ 7 МИЛИОНИ ВО ЕУРОСТАНДАРД

Откако вчера се појавија информации дека големо македонско спортско име наводно останало без седум милиони евра влог во Еуростандард банка, која остана без лиценца и отиде во стечај, првата асоцијација на тврдењата на порталот „Експрес“, ама и на македонската јавност беше дека оштетениот е најдобриот фудбалер на Македонија во 20 век, Дарко Панчев.

„Најмногу ми е жал за оние мали луѓе кои ја хранеа својата празна душа со вакви дезинформации за на крај да бидат разочарани заради оваа невистина. Јас седум милиони евра во банка немам и не знам на кого му паѓаат вакви идеи и која е целта за вакви шпекулации. Исто така сочувствувам со сите оние оштетени граѓани кои настрадаа, со надеж дека нашите институции ќе најдат начин да им помогнат на овие луѓе“, вели Панчев, ексклузивно за Спорт1.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛОЗОВО ЈА СМИРИ ТЕНЗИЈАТА МЕЃУ АТИЏЕ И ХУСЕИН

Агресивниот сосед на Атиџе Муратова, хероината од филмот „Медена земја“ ветил дека нема да ја вознемирува. 

Градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски на својот Фејсбук профил објави дека разговарал со  Хусеин соседот на Атиџе, и добил ветување дека меѓусоседските односи ќе се подобрат.

„За да помогнам како градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи , кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија.Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии“, напиша Велковски.

Тој информира дека животот на Атиџе не е загрозен.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ