ФАКТОР НА ДЕНОТ: Петков вели дека иднината на Македонија мора да биде во ЕУ - можно ли е да го тргне ветото?
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2022 21:35
ПЕТКОВ ВЕЛИ ДЕКА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА МОРА ДА БИДЕ ВО ЕУ
Решив дека иднината на Македонија и на Албанија мора да биде во ЕУ, тоа е добро за регионот, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков за романска телевизија.
Петков по средбата со државниот секретар на САД, Блинкен, решил дека Македонија заедно со Албанија, сепак мора да биде во ЕУ, наспроти отворените прашања кои постојат на релација Скопје-Софија.
„Ако поради тоа падне Владата, тоа не е моја одговорност. Не можам да бидам одговорен за ништо во тој случај, а секако дека со Македонија имаме уште многу отворени прашања“, рече Петков во интервју за романска телевизија.АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА КОСТА ПЕТРОВ
Антикорупциска комисија отвори предмет против Коста Петров, поранешниот директор на ФИТР.
НА ГРУЕВСКИ ДОБРО МУ ОДИ БИЗНИСОТ ВО УНГАРИЈА
Компанијата на eкс премиерот Никола Груевски во Унгарија за пет месеци пријавила добивка од 10.000 евра.
Компанијата на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во 2018 избега во Унгарија и таму ја основа, за само пет месеци работа пријавила нето добивка од 10.000 евра, пренесуваат унгарските медиуми.ХЕРСОН САКА ОБЕДИНУВАЊЕ СО РУСИЈА
Раководството на регионот Херсон ќе апелира до рускиот претседателот Владимир Путин да го прими Херсон во рамки на Русија.
Ова го соопшти ТАСС, повикувајќи се на заменик-шефот на Регионалната воено-граѓанска управа (ВГА) Кирил Стремусов.
Претходно беше објавено дека Херсонската област има намера да се интегрира во Русија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Неколку месеци наназад се намалуваат девизните резерви на земјава.
Податоците на Народна банка на Македонија говорат дека само во првите четири месеци од годинава девизните резерви на државава се „стопиле“ за 403 милиони евра.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




