ФАКТОР НА ДЕНОТ: По 6 смртни случаи од грипот – комисијата препорача носење маски во болниците
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2024
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ
Поради се поголемиот број на случаи на грип во земјава, Комисијата за заразни болести освен што препорачува задолжително носење на маските во здравствените установи и во домовите за стари лица, даде и препорака за забрана на посетите во болниците.
Бројот на заболени од грип го надминува и бројот на заразени со ковид.
Според претседателот на Комисијата, д-р Александар Петличковски, влезени сме во сезоната на инфлуенца и како што рече бројот на заболени е повисок и во споредба со минатата недела, но споредба со просечниот број на заболени во изминатите сезони на грип во поседните 13 години.СПИРО РИСТОВСКИ НЕОСНОВАНО БИЛ ДРЖЕН ВО ПРИТВОР
Европскиот суд за човекови права пресуди дека поранешниот министер Спиро Ристовски, обвинет во предметот „Организатори на 27-ми април“ бил неосновано држен во притвор.
Со тоа, државата ќе мора на Ристовски да му плати оштета од 750 евра и 1500 евра судски трошоци.
Европскиот суд во пресудата вели дека немало конкретен доказ дека Ристовски може да побегне.АФЕРАТА СО М-НАВ УШТЕ Е ТОП ТЕМА
Испровоциран од новинарско прашање, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска посочи дека нема никаква врска со вработувањата на неговите чичко и внук во М-НАВ. Тој изрази жалење што медиумите, како што рече, наместо да се интересираат за темите од земјоделството кое е основа на македонската економија, се обидуваат директно да шират лаги и невистини.
Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот со шпанската фирма „Глобалтек“ за поставување фотоволтаици на вода, Николовски напомена дека државава треба да ги отвори вратите за младите стручни кадри, а не да им испраќа порака дека не се добредојдени тука.АРСОВСКА Е НОВ ЛИДЕР НА НОВА АЛТЕРНАТИВА
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е нов претседател на партијата, Нова Алтернатива, потврдуваат од партијата. Оттаму најавуваат дека утре во 18 часот ќе има конвенција за промоција на Арсовска.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
По неодманешната одлука да ги разреши досегашните државни правобранители во Скопје и Струга, Владата сега преку оглас бара кандидати кои ќе се нафатат да работат на позицијата државен правобранител во главниот град и во Струга.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.