26 Ноември, 2024
0.2951

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Eнвер Малиќи, денес има над 1.000 заразени со коронавирус

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ПОЧИНА ЕНВЕР МАЛИЌИ

Нема некој кој остана рамнодушен на веста за смртта на Енвер Малиќи. Роден е во срцето на градот – во Старата скопска чаршија. Животот го заврши овде во градот за кој велеше дека му е во душата и тоа на функцијата заменик грданоначалник. Енвер Малиќи добил доста битки во животот – повеќето бизнис предизвици. Тој навистина беше еден од најпознатите бизнисмени во земјата. Сепак не успеа да ја добие битката со Ковид. 

„Со искрено жалење ја примив веста за смртта на Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, бизнисмен и сопственик на една од најуспешните компании во земјата – „Гемак трејд“. Со загубата на Енвер Малиќи, загубивме еден од нашите најистакнати и влијателни стопанственици и угледен член на бизнис заедницата. Загубивме сограѓанин кој беше неуморен и секогаш подготвен на нови предизвици, кој со својата самопрегорна работа водеше успешни деловни потфати и надвор од границите на нашата земја. На семејството на Енвер и на неговите најблиски и пријатели, со надеж дека овие зборови ќе им бидат утеха, им упатувам искрено сочувство во мое име и во име на Владата на Република Северна Македонија. Нека почива во мир, напиша премиерот Зоран Заев.

„Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух. Денес загубив добар пријател! Почивај во мир Енвер, пријателе мој, напиша градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

ДЕНЕС НАД 1.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-489, Куманово-60, Дебар-3, Штип-42, Прилеп-81, Тетово-36, Струга-36, Велес-36, Битола-37, Охрид-41, Кавадарци-37, Гостивар-42, Гевгелија-9, Струмица-30, Крива Паланка-13, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-10, Ресен-3, Неготино-18. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1242 оздравени пациенти од: Скопје-326, Куманово-111, Штип-36, Прилеп-69, Тетово-67, Струга-50, Велес-51, Битола-78, Охрид-55, Кавадарци-27, Гостивар-98, Гевгелија-15, Струмица-65, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-33, Пробиштип-5, Демир Хисар-13, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-7, Виница-14, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-68, Ресен-12 и Неготино-14.

Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56г), тројца од Куманово (63, 78 и 62г), четири од Прилеп (73, 65, 76 и 59г), еден пациент од Тетово (62г), двајца од Битола (66 и 85г), еден од Кавадарци (76г), четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58г), тројца од Гевгелија (73, 75 и 71г), двајца од Струмица (63 и 77г), еден пациент од Радовиш (67г) и еден од Неготино (60г). Пациентите се починати во болнички услови. 

БУЧКОВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК НА ВЛАДАТА ЗА БУГАРИЈА

Eкс премиерот и министер, Владо Бучковски, ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, откако Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција, објави „360 степени“.

Тој е често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.

Стратешка грешка е ветото на Бугарија кон Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави во ноември  Бучковски, во специјалното интервју за бугарската ТВ Европа.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Голем број адвокати револтирано се обратија во редакцијата на Фактор посочувајќи дека со саати стојат во судските ходници чекајќи рочишта. Велат дека во затворен и пред се тесен простор стојат по десетици луѓе и дека колку и да внимаваат, стравуваат дека може да се заразат ско корона вирусот.

НЛБ Банка нема да исплати дивиденда затоа што мнозинскиот акционер гласал против предлогот. Веројатно од централата од Љубљана ја прифатиле сугестијата од нашата централна банка која пред еден месец повторно соопшти компаниите да се воздржат од поделба на дивиденда во овие специфични економски услови моделирани во значајна мерка ефектите на корона кризата

Министерството за внатрешни работи денеска во својот дневен билтен информираше дека вработено лице во Клиничката болница во Штип пријавил во полиција дека бил нападнат од колешка исто така вработена во КБ Штип.

Втора во низа „уникатна“ копроративна постапка на Кутревски, најголемиот акционер и прв главен извршен директор на „Пекабеско“.

Второ тромесечје по ред, наместо прилив од странски инвестиции во земјава, статистиката бележи одлив на девизи од инвеститори во земјава.

Извршителите наплатиле 123 милиони евра во 2019 според годишниот извештај кој Комората тукушто го објави за 2019. Примени биле 121.913 барања за извршување, што е најголема бројка од 2016 кога извршителите примиле 227.836 барања за извршување. 

Италијанскиот новинар фриленсер Франческо Касалини вели дека нашата земја треба да преговара со Бугарија, и покрај блокадата за почетокот на преговорите со Европската Унија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик