ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина кралот на ромската музика Ферус Мустафов
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2023
ПОЧИНА ФЕРУС МУСТАФОВ
Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов починал синоќа во ГОБ „8 Септември“, каде беше хоспитализиран откако доживеа мозочниот удар кон крајот април. Тажната вест за ММС ја потврдила неговата сопруга Јелена, која изјавила дека ќе му ја исполнат последната желба, а тоа е да биде погребан во Штип.
„Починал ноќеска, нам лошите вести утрово нѝ ги кажаа. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и ќе нѝ се врати, но за жал нѝ замина. Многупати досега кажал дека кога ќе дојде судниот ден сака да биде погребан во Штип. Тоа е негова последна желба и ќе му ја исполниме, вели Јелена за „ММС“.ВО МОН СТИГНАЛЕ НАД 20 ПРИЈАВИ ЗА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО
Во Министерството за образование и наука (МОН) на електронската адреса за пријавување насилство досега стигнале повеќе од 20 пораки. Пријавите се од ученици и родители.
Во МОН откриле и два-три случаи во кои училиштето не пријавило булинг, затоа што така проценило, иако учениците се пожалиле.
„Но, има различни пријави. Има и добри искуства и препораки од различни страни како ги имаат решено проблемите. Има пријави кога некој лош пример, кој бил исклучен, сега е вратен во образовниот процес“, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Министерот објасни на кој начин постапуваат.
НАПАД ВО БЕЛГОРОД
Во рускиот регион Белгород, кој се наоѓа веднаш на границата со Украина, дошло до вооружен инцидент.
Како што пишува Некста, Легијата наречена Слобода на Русија и Рускиот волонтерски корпус (РВЦ) спроведуваат операција во регионот Белгород, објави украинската разузнавачка служба.
Портпаролот на украинската Државна разузнавачка служба, Андреј Јусов, потврди за весникот „Суспилна“ дека Легијата на слободата за Русија и РВЦ спроведуваат операција за создавање „безбедносен појас“ за заштита на украинските цивили.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.