16 Декември, 2025
0.0453

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна скринингот, Ковачевски се надева дека брзo ќе влеземе во ЕУ

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2022 21:34

Добивај вести на Viber

ПОЧНА СКРИНИНГОТ

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски во својот говор рече дека за овој ден многу генерации и лидери во минатото сонувале.

„Се надевам дека како што најбрзо влеговме во НАТО, така ќе бидеме и земја која најбрзо ќе влезе во ЕУ“, вели тој. 

Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама попладнево на заедничкиот коктел после првата меѓувладина конференција, повторно се сретнаа со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји. 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Брисел изјави дека го започнуваме патот за остварување на заедничката цел – полноправно членство во ЕУ.

Рече дека конечно зачекоруваме од нултата позиција и отсега од нас ќе зависи. 

ПАРТИИТЕ СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА НАСТАНОТ ВО БРИСЕЛ

Настанот во Брисел, за ВМРО-ДПМНЕ е влез на Македонија во лавиринт каде историјата и минатато ќе бидат многу поважни од сегашноста. 

Од партијата, велат дека владините претставници денеска имале само свечен ручек и фотографија, но не и реален почеток на преговори. Наведуваат дека државата ќе влезе во политичка криза откако владејачкото мнозинство нема да успее да го промени Уставот, па ќе следат и предвремени избори.

„Дека ова не е историски настан и дека владата прави уште една манипулација, покажува и фактот што вечерва откако ќе се вратат од Брисел, премиерот Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, ќе одат во клубот на пратеници на затворена прослава каде веројатно ќе има и добра храна, но доколку е историски ден нека одат на плоштад и нека го повикаат  народот на заедничка прослава“, изјави, Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

За владејачкото мнозинство, денеска е историски ден за државата. Според СДСМ, тоа што премиерот Димитар Ковачевски се обратил на македонски јазик, е потврда дека непризнавањето од Бугарија е нејзина одлука, ама не и на останатите земји членки на ЕУ.

ВАРХЕИ СО ПОРАКА ДО МАКЕДОНСКАТА ОПОЗИЦИЈА

Еврокомесарот Оливер Вархеи денеска од Брисел испорача жестока порака до македонската опозиција, а таа е дека тие во своите изјави досега ги преминале границите на политичката култура, и дека е редно и да докажат дека тие се навистина посветени на европската иднина на земјава.

Вархеи беше дециден дека македонскиот Устав ќе мора да се промени.

Овој одговор Вархеи го даде на децидното новинарско прашање дали е уверен дека ќе се направат потребните измени на Уставот, со оглед што опозицијата не само што се противи, туку и најави референдум за ова прашање, на пресконференцијата по Меѓувладината конференција.

МЛАДА ДЕВОЈКА ПОЧИНА ОД КОВИД

Девојката на возраст од 23-години заразена со коронавирус, починала како последица на хематолошката малигна болест. Таа се лекувала на Инфективната клиника во Скопје, но не се споделуваат детали за тоа колку време и со каква клиничка слика била примена. Од Министерството за здравство за „Макфакс“ велат дека станува збор за невакцинирана пациентка.

За 24 часа во земјава има 770 заразени. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). 

foto facebook

Можеби ќе ве интересира

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети