ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата со меѓународна потерница го бара Васко Ковачевски
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2024
ПОЛИЦИЈАТА РАСПИША МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА ВАСКО КОВАЧЕВСКИ
Полицијата распиша меѓународна потерница по Васко Ковачевски.
Со потерница надлежните ќе трагаат по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла. Според обвинителството, осомничениот не е достапен на органите на прогонот.
Истрагата за случајот „Адитив“ почна на 10 овој месец, а опфаќа 23 физички и четири правни лица.АХМЕТИ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕМАЛ КОНТАКТ СО ГРУБИ
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети за Тв 21 вели дека лично не контактирал со сопартиецот Артан Груби кој избега од државата.
„Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата Македонија-Косово. Верувам силно дека секој граѓанин вклучувајќи го и Груби заслужува еден правичен и неселективен судски процес далеку од селективна апликација на правото“, изјави Ахмети.
Тој вчера рече дека Груби се наоѓа на албанска територија, но без да даде конкретни информации за неговата локација.СО „БУНКЕР“ СЕ ИСТРАЖУВААТ 18 ЛИЦА
Во рамките на предметот под кодно име „Бункер“ во кој под истрага се 18 членови на криминални групи, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и истражители од Истражниот центар при анализа на досега прибраниот доказен материјал дојдоа до сознанија што упатуваат на можно сторување на други кривични дела и други инволвирани лица.
- Со цел да се испитаат ваквите индиции, на 28.12.2024 година, едно лице беше спроведено во полициска станица. Заради постоење на основи на сомневање дека е можен сторител на кривичните дела Оддавање службена тајна и Злосторничко здружување со него е извршен службен разговор.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во Македонија сега имаме снежна зима, со малку постудено време за разлика од претходно и тоа ќе влијае на хибернацијата на дивите животни.Министерот за здравство Арбен Таравари, на денешниот предновогодишен брифинг соопшти што е сработено во годинава што изминува, и секако информираше за плановите, проектите и стратегиите на Министерството за здравство за Новата 2025 година.