ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата ќе ги казнува групирањата за празници, денес има нови 83 заразени со корона
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Декември, 2020
ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ СЕ ГРУПИРААТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ
„Групирање на повеќе од четири лица е забрането. Ако требало да се овозможи групирање, во одлуката би стоело - освен ако имаат негативни тестови. Да не се изложуваат граѓаните на трошоци за тестови и да мислат дека така ќе може да слават во големи групи. Ќе повторам, секое собирање над четири лица е казниво. Ние имаме оперативен план и голем број служебеници ќе бидат активирани низ сите градови, сите туристички центри, таму каде што имаме концентрација на луѓе, онаму каде има викендици. Одделот за компјтерски криминал детално ги следи сите огласи за издавање, одделот за превенција работеше периодов и им сугерираше на сопствениците да внимаваат на колкумина ја издаваат куќата или станот“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во емисијата Утрински брифинг.
Порача дека празниците мора да се слават мирно, за да бидеме спокојни после, да не направиме нов притисок врз здравството и што полесно да го дочекаме периодот на вакцинација. Владата е подготвена да воведе и порестриктивни мерки околу верските празници за да се избегне групирањето.Министерството за внатрешни работи објави број на кој можете да пријавите доколку некој ги крши здравствените протоколи.
Може да се пријави недозволено групирање на журки, славења дома, во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201.НОВИ 83 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-3, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-3, Велес-4, Битола-5, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-2, Крива Паланка-1, Делчево-1, Кратово-1, Ресен-1, Неготино-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти од: Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-10.
Починати се 11 лица, двајца пациенти од Скопје (85 и 75г.), еден пациент од Велес (62г.), двајца од Битола (64 и 74г.), еден од Кавадарци (71г.),од Гостивар (85г.), од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64г), пациент од Струмица (58г.), еден од Крива Паланка (61г.) и еден пациент од Радовиш (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ПРОДОЛЖУВААТ
Премиерот Зоран Заев вели дека во моментов нема разговори со Бугарија, поради празниците, но тие ќе продолжат, како што вели, со пријателство, и преку Акциониот план.
Заев реално, не очекува да има позитивно решение за земјава пред изборите во Бугарија.
Но нема да се отстапи од македонскиот идентитет и јазик, вели, македонскиот народ е исто величенствен како и бугарскиот или францускиот и италијанскиот.ПАРТИИТЕ СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ПОПИСОТ
Правиме сѐ за да бидете спокојни за пописот, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Вели дека прават напори предлозите на опозицијата кои се однесуваат на законот за попис да бидат прифатени. Објасни дека има три категории попишување – едниот дел се вкупно сите граѓани, вториот дел се граѓани резиденти, односно сите граѓани што живеат во земјата и третата група се граѓани што се иселени на подолг период од една година. Тоа вели ја прави беспредметна и ирационална дебатата за етничка припадност или колкави се процентите и слично. Заев кажа дека попишувачите се професионалци и дека нив „не ги дава ни СДСМ, ни ДУИ, ни Алијанса, ни ВМРО-ДПМНЕ“.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека важно е да нема фалсификат на пописот.УАПСЕНА Е ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА
МВР соопшти дека се приведени осум лица за сторено кривично дело „терористичка организација“ во Скопје и Куманово.
„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координација со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена повеќемесечна истрага на 27.12.2020 приведе осум членови на терористичка организација“, соопшти полицијата.
Врз основа на наредби за претрес во дом и други простории издадени од надлежен судија од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на осум локации, од кои пет во Куманово и три во Скопје, при што пронајдени и лишени од слобода се сите осум лицаЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.