ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата приведе пет лица за исчезнувањето на Вања
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2023 21:29
ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ПЕТ ЛИЦА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ВАЊА
Неколку дена трае потрагата по девојче кое исчезна во Скопје.
„Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пренесе Канал 5.
Шестти ден од нејзиното исчезнување во Македонија и регионот се уште на сите медиуми прва вест и фотографија е лицето на Вања со апел да се помогне за нејзинот пронаоѓање.МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО РАЗВИВААТ ПРВИОТ ДРОН
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи беше во посета на компанијата “ATS Ammunition” во Самоков, дел од групацијата “ATS Group” чија дејност е производство за заштитна и воена опрема и вооружување.
ПРЕПОРАКИ ЗА СТРУМИЦА ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ
Многу високо загадување на воздухот има во Струмица, а Министерството за животна средина ги активираше препораките.
Струмица е најзагаден град во државата, а поради енормното аерозагадување претходните два дена, Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Струмица.
СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА
Снежно невреме има во Германија, Австрија и Швајцарија, а според најавите во Хрватска на планините се очекува да наврне половина метар снег.
Региони на Германија, Швајцарија и Австрија се закочени поради снегот. Посебно хаотично е во Баварија каде наврна огромно количество снег.
Времето денеска ќе биде променливо, на запад и претежно облачно со повремени врнежи од дожд, почести и обилни во северниот дел на Јадранот и на Горскиот котар, а во текот на денот ќе се прошири и во останатите предели, а особено на Јадранот може да има да има грмежи, според прогнозата на Државниот хидрометеоролошки завод.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




