ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицискиот час стартува oд 19, но власта порача да нема опуштање
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Април, 2020 20:29
СЕ ОЛАБАВУВА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.
„За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот. Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро“, додава министерот.
Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес-конференција изјави дека се олабавуваат мерките за движење на граѓаните.
Вели дека досегашните мерки се преземени поради пикот на заразата.
„Со исправена глава можеме да кажеме дека мерките дадоа ефект. Имаме континуирано линерален број на заразени“, рече Спасовски.НОВИ 28 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД 19
Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека расте бројот на излекувани пациенти од Ковид 19.
48 пациенти се со негативни тестови.
Има еден починат во болницата „8-ми Септември“.
Потврдени се нови 28 заразени.
За 24 часа направени се 660 тестови.
За прв пат има и еден пациент од Валандово.ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА РЕСПИРАТОРИ
Коронавирусот го погоди човештвото, а крајните псоледици се уште се несогледливи особено од хуман аспект, а секако и како удар за здравството и за економската ситуација во земјите. Македонија направи поместувања на буџетските ставки за да пренамени средства за здравствениот буџет. Минситерството за здравство засега изврши неколку набавки поврзани со коронавирусот а најголема е таа за респираторите. Oд Министерството за здравство не потврдуваат дали се стасани купените респиратори за кои министерот извести минатата недела но секако бешенајевно дека испшораката ќе биде за најмногу десет календарски денови за едниот дел и за 30 денови за останатите.
Станува збор за 31 машина за механичка вентилација кои Министерството ги купи од две фирми - Соникс Анастасија и Винора ДООЕЛ. Од Соникс Анасатасија која и порано е една од клучните преку кои здравствените установи ги вршеа набавките се купени 26 респиратори, а останатите пет се од Винора.
За договорот на Соникс треба да му се исплатат околу 40 милиони денари, додека на Винора околу 7,7 милиони денари.
Вкупната сума во евра за Соникс е околу 770 илјади евра додека за Винора се околу 125 илјади евра.ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ТОП ТЕМА ВО СВЕТОТ
Цената на барел сирова нафта за испорака во мај, на Њујоршката берза, на крајот на тргувањето конечно надмина нула, по историскиот пад во негатива, со што на крајот заврши со 10,01 долари по барел.
Пред Саудиска Арабија да ја урне цената на нафтата, принцот Мухамед и рускиот претседател Владимир Путин имале жесток телефонски разговор, буквално се дереле еден на друг, тврдат британски извори, повикувајќи се на Мидл Ист Ај (Middle East Eye).
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Ако може на американските банки јасно да им се каже дека во време на корона кризата, за која сите предвидуваат дека ќе доведе до длабок пад на економијата, не треба да исплаќаат дивиденди, туку да го чуваат и зголемуваат својот капитал со цел да бидат подготвени и за најнегативните сценарија, и тоа директно од првиот човек на ФЕД Банката во Минеаполис, зошто тоа да не може да им се наложи и на македонските банкари.
Фактор ја праша Народната банка зошто, ако една таква мерка им се препорачува на американските банки, тоа не би важело и за нашите банкарски институции.Карантинот, коронакризата, стравот од ширењето на епидемијата, ги загрижува граѓаните кои се принудени да побараат стручна помош.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





