ФАКТОР НА ДЕНОТ: Политичките чинители ги коментираат оставките на министрите на ДУИ со цел ВМРО-ДПМНЕ да поддржи уставни измени
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2023 20:56
КОМЕНТАРИ ЗА ОСТАВКИТЕ НА МИНИСТРИТЕ НА ДУИ
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во македонската Влада Артан Груби во синоќешното интервју за косовската телевизија Т7 изјави дека одлуката за оставки на министрите од редовите на неговата партија - Демократската унија за интеграција (ДУИ) се во функција на интеграциите на Северна Македонија во Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Груби изјави дека со одлуката за депонирање на оставките од страна на министрите, ДУИ ѝ го отвори патот на македонската опозиција за да гласа за уставните измени.Екс пратеничката Солза Грчева, на својот Фејсбук профил истакна дека оставките на министрите на ДУИ не можат да бидат условени.
„Оставките на ДУИ не можат да бидат условени!
Како бивш пратеник кој ги познава законите, ви тврдам дека такво нешто не постои во Деловникот на Собранието каде оставките мораат да ги достават веднаш. Без да поставуваат услови. Исто е и со Законот за Влада.Оставките од ДУИ се политички маневар, изјави за Канал 5, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова.
„Треба, преку премиерот, оставките да се достават до претседателот на Собранието, оти легитимитетот на министрите од нас извира и претседателот веднаш треба да ги достави до пратениците и на следната седница само се констатира престанокот на мандатот“, вели таа.
Пратеничката додаде и дека првпат слуша за условени оставки. Силјановска – Давкова е со став дека уставните измени не се гаранција дека Бугарија ќе нема нови барања.МНР ВЕЛИ ДЕКА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА АМБАСАДОРОТ НЕ СЕ ТОЧНИ
Од Министерството за надворешни работи (МНР) велат дека повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија е спроведено во редовна постапка, во согласност со законските прописи и внатрешните уредби во министерството и со почитување на сите процедури.
КОВАЧЕВСКИ И РАМА ОТВОРИЈА ONE STOP SHOP
Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот албански колега Еди Рама, денеска, на заеднички настан го пуштија во употреба концептот „One-stop-shop“, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.
Премиерот Ковачевски истакна дека проектот „One-stop-shop” е уште една потврда за заложбите на двете влади за зајакнување на економските процеси, олеснување на царинските процедури, слободниот проток на луѓе и капитал не само меѓу нашите две земји, туку и меѓу земјите на Западен Балкан.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




