ФАКТОР НА ДЕНОТ: Предложена кризна состојба, денес повторно над 1.100 заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Ноември, 2020
ПРЕДЛОЖЕНА Е КРИЗНА СОСТОЈБА
По состанокот на Националниот совет за безбедност, претседателот Стево Пендаровски изјави дека епидемиолошката состојба во земјава бара многу посериозен пристап, заради што на Владата и препорачува да прогласи кризна состојба на териоторијата на цела држава. Премиерот Зоран Заев истакна дека тие се целосно подготвени и дека најдоцна до утре вечер ќе одржат седница на која ќе прогласат кризна состојба во времетраење од 30 дена.
-Не се исклучува и можноста за полициски час, но сега со прогласување на кризна состојба ќе имаме можност за управување со сите капацитети во државата. Имаме потреба од болници и клиники, од кадар, а сето тоа и психолошки ќе влијае дека ние сме подготвени за справување со ковид-кризата, истакна премиерот Заев.
Истовремено и министерот за здравство, Венко Филипче рече дека во земјава ќе имаме критичен период кога се поголем број од новозаразените ќе имаат потреба од хоспитализација. Секак, во оваа насока, како што потенцираше Филипче, ќе има потреба и од поголем број болнички кревети, но и од кадар.И ДЕНЕС НАД 1.100 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-572, Куманово-41, Дебар-1, Штип-49, Прилеп-53, Тетово-28, Струга-34, Велес-42, Битола-92, Охрид-42, Кавадарци-18, Гостивар-11, Гевгелија-3, Струмица-34, Крива Паланка-11, Радовиш-6, Крушево-6, Кочани-14, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Пехчево-7, Берово-19, Валандово-9, Виница-11, Делчево-11, Кратово-5, Свети Николе-20, Кичево-33, Ресен-4, Неготино-11.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-41, Дебар-4, Штип-36, Прилеп-42, Тетово-69, Струга-12, Велес-52, Битола-37, Охрид-11, Кавадарци-21, Гостивар-22, Гевгелија-11, Струмица-36, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Кочани-12, Пробиштип-8, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-1, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-3, Неготино-8.
Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.ПОБЕГНАЛ ОД БОЛНИЦА, ПОТОА Е ВРАТЕН, ПА ПОЧИНАЛ
Најмладиот пациент кој вчера почина од компликации на корона вирусот е 35-годишен битолчанец, кој бил сместен на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, но во текот на денот успеал да побегне, а неколку часа подоцна починал. За целиот настан деатлно информира Министерството за здравство од каде велат дека пациентот вчера предпладнето кога се делел ручекот успеал да избегал од Ковид одделот каде бил хоспитализиран. За бегството било известено болничкото обезбедување, МВР и директорот на Клиничката болница Битола, како и епидемиологот, велат од Министерството за здравство, истовремено нагласувајќи дека пациентот во 18:02 часот повторно бил донесен со возило на Итна медицинска помош.
КИРАЦОВСКИ ГО КАЖА СТАВОТ ЗА ВЕТОТО
Поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, објави дека своевремено мнозинството во Собранието немало да го ратификува Договорот за добрососедство со Бугарија доколку имало изрична можност да се стави вето на патот на Македонија кон интегрирањето во Европската Унија.
„Како пратеник кој со гордост го гласаше договорот за пријателство и добрососедство со Р. Бугарија во 2017 год. никаде во истиот не сретнав условеност помеѓу работата на експертската комисија за историски и образовни прашања со евентуална можност за политичка одлука за Вето врз нашите евроинтеграции од страна на Бугарија.
Доколку тоа и малку провејуваше во договорот, сигурен сум дека нашиот парламент немаше да го ратификува. Напротив истиот се карактеризира со заедништво во ставовите, заемна поддршка кон најважните прашања, вклучително и нашата ЕУ интеграција, како и разбирање кон внатрешно политичките и општествени состојби во двете земји.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.