26 Декември, 2024
0.0587

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пресуда за убиството на Тот, Анџело и Клементина добија по 18, а Андреј 16 години затвор

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

ПАДНАА“ ПРЕСУДИ ЗА УБИСТВОТО НА ТОТ

Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска, Андреј Костовски се прогласени за виновни за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк.

Ѓоргиевски е осуден на 18 години затворска казна, Левковска доби 18 години, Костовски пак доби 16 години. Во казната влегуваат и деновите минати во притвор.

Ѓоргиевски му нанел силни удари на Тот, а Левковска продолжила да го тепа, констатираше судот. Ѓоргиевски потоа не бил достапен за органите на прогонот.

СПАСОВСКИ СЕ ПРОИЗНЕСЕ ЗА СИНОТ НА БУШИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека МВР денеска ќе излезе со, како што вели тој, факти за скандалите во кој се нашол синот на заменик-министерот Назим Буши.

Спасовски рече дека главно тоа што се пласирало во медиумите се шпекулации и дека вистинските моменти ќе ги појасни МВР.

- Одговорност ќе има за тој што направил прекршок. Тука, нема дилема, кој сака нека е. Дали е министер, дали е директор, дали е обичен граѓанин. За секој еден ако направил прекршок.

Помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен, полицајците пријавиле дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат.

ЌЕ СЛЕДИ ПОЕВТИНУВАЊЕ НА НАМИРНИЦИТЕ

Од утре се очекува намалување на цените на храната. 

„Јас очекувам утре сите тие производи кои се наведени во одлуката на Владата во делот за замрзнување на маржата да имаат намалување од најмалце од 10 отсто, веќе имаме кај маслото за јадење одредено намалување, утре се очекува дополнително намалување да има во делот на лебот и месните производи“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши за Тв21.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН СПОМНА ДЕКА УКРАИНЦИТЕ ИЗГУБИЛЕ 100.000 ВОЈНИЦИ

Претседателката на Европската комисија(ЕК) Урсула Фон Дер Лајен објави видео во кое говори дека Русија мора финансиски да плати за штетите што ги направи во Украина и дека е неопходен трибунал во Хаг за руската агресија. 

Но, делот каде таа зборува за 100.000 загинати украински војници е исечен.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Штедилниците се враќаат „во игра“ во државава. Се кројат законски измени со кои тие ќе добијат поголема улога, односно ќе можат да им даваат платежни услуги на граѓаните, да прифаќаат платежни трансакции и слично.

„Промарк Енерџи Дооел“ Скопје е првиот инвеститор кој беше прогласен за стратешки , а на кој во меѓувреме таквиот статус му е избришан од Владата. Ваквата одлука била донесена на владината седница на 25 ноември.

Се зголемува бројот на домаќинства и во деловите што не се покриени со централното греење, се зголемува бројот на автомобили додека истовремено се зголемува нивната просечна старост, повеќе помали и поголеми индустрии се префрлаат на позагадувачки горива заради цената итн. 

Централната банка на Македонија објави нов оглас со кој бара кандидати за шест работни места. Тројца на определено време од една година, додека другите тројца за период од две години. Интересно е што со овој оглас НБ бара двајца пожарникари, на определено време од една година.

Стигна првиот позначаен „цех“ од зголемувањето на основната камата на Народна банка на Македонија, која веќе достигна 4,25 отсто, откако пред околу десетина дена НБМ ја зголеми за 0,75 процентни поени. 

Најголемиот затвор во земјава ќе набави 13 тони компири и 8 тони грав. За затворениците ќе има и 260.000 јајца А класа, а најголема ставка е јогуртот со 80.000 евра. За 1,5 тони германски путер затворската управа ќе издвои 28.000 евра, а за пудинг 35.000 евра. Топтан за цела година тендерот за храна на затворениците вреди речиси 1,1 милиони евра

Младите во сиромашните држави каде невработеноста е висока, а платите се мали, велат дека благодарение на фриленсерството можат солидно да заработат и да си овозможат подобар живот. 

Можеби ќе ве интересира

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?