26 Ноември, 2024
0.0316

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Превирања во ДУИ, а денес имаме нови 118 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

РЕВОЛТ ВО ДУИ ПОРАДИ ИЗБОРОТ НА КАДРИ

Не одело се така глатко на состанокот на Централниот совет на ДУИ, вчера додека партијата ги договараше и ги потврдуваше кандидатите за министри во идната Влада. Албански медиуми во земјава јавуваат дека разговорите се вжештиле, дури, и дека претставници на ограноците на ДУИ од Сарај и Чаир во знак на револт не учествувале на состанокот. Најголема причина за несогласувањата според медиумите се кандидатурите за министри на Артан Груби и Бујар Османи. Груби е предложен за прв вицепремиер, додека Бујар Османи оди во Министерството за надворешни работи. Сепак дел од членовите и партиските функционери негодувале и за тоа што повторно исти луѓе добиваат шанси, дури имало реакција и за Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии, додека неговиот брат Флорин Бесими веќе е избран за пратеник. Со тоа, како што се тврди исти луѓе, исти семејства со години се провлекуваат на функции.

Партиски извори коментирале дека Груби и Османи не се поддржани од Чаир и Сарај и дека ако ги почитуваат гласачите од овие места тие треба да се повлечат. 

Фатмир Лимани Беќири, функционер од ДУИ на Фејсбук реагира во врска со поделбата на ресорите во партијата.

„Сабјата е во двата прста на Изет Меџити, кој треба да биде одлучувачки фактор кажувајќи им го местото на сите без разлика. Владата се гласа или паѓа со двата прста на Меџити“, напиша Лимани.

Меџити бил незадоволен од изборот на кадри. 

НОВИ 118 ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-12, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-1, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира  127 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-11, Штип-11, Струга-37, Велес-3, Битола-6, Охрид-13, Кавадарци-11, Гостивар-1, Демир Хисар-3, Виница-4, Кичево-5.

Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г), сите во болнички услови.

ОДРЕДЕН ПРИТВОР ЗА НЕФИ УСЕИНИ И БРАТ МУ

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството и им одреди притвор на бизнисменот и советник во општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и на неговиот брат за тепачката во Охрид. 

Нив им е одреден осумдневен притвор, но и двајцата се недостапни на полицијата и се трага по нив.

Полицијата завчера извршила престрес во нивните домовите и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАТИТЕ

Просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари, што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто. 

Јунската плата се зголемила дури и во однос на претходниот месец, мај, за 1,8 отсто, може да се види од табелата на Државниот завод за статистика. 

Како што е познато, владата излезе со мерки за помош на компаниите за полесно пребродување на ковид кризата, а една од нив беше помош за работодавачите за исплата на плати за своите вработени. 

Првично таа мерка беше одредена да важи за месеците април и мај, но подоцна власта одлучи поддршката за фирмите да ја продолжи и за јуни. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со години наназад, во најголемиот дел од руралните средини во Македонија бројот на учениците е многу мал, па сега во време на епидемија, тоа се смета за голема предност со цел безбедно започнување на новата учебна година.

Граѓаните во земјава продолжија да им веруваат на домашните банки. Нема никакви повлекувања на депозити, и покрај пропаѓањето на Еуростандард банка, на која Народна банка на Македонија и ја одзеде дозволата за работа и врз неа беше отворена стечајна постапка.

Во текот на летните месеци, земјите од регионот се жариште на корона вирусот. Секојдневно голем број на ново заразени и починати пациенти, епидемиолошката крива во нагорна линија.

Во текот на летните месеци, земјите од регионот се жариште на корона вирусот. Секојдневно голем број на ново заразени и починати пациенти, епидемиолошката крива во нагорна линија.

Пандемијата на Ковид 19 го погоди здравството, но и економијата. Светот влезе во рецесија, а македонската економија трпи штети во повеќе сегменти.

„Макпетрол“ ја покажа својата конзистентност во најтешко време. И покрај тоа што короната го блокира или редуцира патниот транспорт и ги суспендира комерцијалните летови, компанијата прокнижи добивка од 1,5 милиони евра која во вакви услови вреди многу.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести присуствувала и проф. д-р. Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација, при што било разговарано за набавката на вакцините и за сезонски грип, како и за вакцината против Ковид-19, која се уште е во последните фази на тестирање.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик