26 Ноември, 2024
0.2530

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентирана платформата за онлајн настава, Заев кажа како ќе се субвенционираат вработувања

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ПРЕЗЕНТИРАНА ПЛАТФОРМАТА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА

Националната платформа за онлајн настава денеска ја презентираше министерката за образование и наука, Мила Царовска, во присуство на премиерот Зоран Заев. Станува збор за платформа која е многу едноставна за користење, а наставата ќе може да се следи на македонски, албански, турски, српски и бошњачки јазик.

-Целта е да се одржи образовниот процес во услови на пандемија и отворање нови можности, да се работи на нови методи и пристапи како подготовка за иднината. Воведувањето на платформата како новина треба на оригинален и креативен начин да обезбеди комуникација меѓу наставниците и учениците. Преку лесната достапност до содржините се доближува образованието до каналите кои учениците често ги користат и е добра замена за традиционалното учење, истакна министерката Царовска.

При презентацијата беше прикажано дека на платформата ќе се користат сите аудио и видеоматеријали, како и брзи квизови и тестови, а освен тоа министерката потенцираше дека дури и ученици ќе може да ја дополнуваат и да ја надградуваат платформата.

Во меѓувреме, течат обуките за наставниците, а откако тоа ќе заврши, платформата ќе биде тестирана во одредени училишта.

ЗАЕВ ПОЈАСНИ НА КОЈ НАЧИН ЌЕ СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ ВРАБОТУВАЊАТА

Субвенции за вработување ќе има за сите етнички заедници. 

Мерките со кои ќе се помага вработувањето ќе се разгледуваат во наредниот период. 

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе се субвенционираат вработувања во приватни компании без оглед на етничката припадност.  Тој вели дека сака да ја расчисти маглата и дека субвенции ќе има за сите граѓани. 

Владата ќе дава поддршка при отворањето на фабрики, а ќе се  применува и Законот за стратешки инвестиции. 

Планирано е најмногу вработувања да има во Тутунскиот комбинат во Куманово, проектот на Еколог во тетовскиот регион вреден 300 милиони евра како и дигитален центар во Карпош кој ќе нуди работа на кадри од областа на информатичката технологија.

Вицепремиерот Артан Груби вчера најави дека вработувањата ќе бидат по етнички клуч затоа што нивниот број во приватните фирми бил мал. 

И ДЕНЕС ВИСОК БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3. 

Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г). 

ДИРЕКТОРИ ЗЕМАЛЕ ПОВИСОКА ПЛАТА ОД ПРЕМИЕРОТ

Љупчо Николовски, вицепремиерот за спречување корупција, за отчетност и за човечки ресурси, на денешниот брифинг со новинарите рече дека има голем број на директори за кои никој не знае во јавнста што работат и дека добиваат плати и до 180.000 денари.

- Директори на јавни претпријатија и институции добиваат и до 180.000 денари плата, многу поголеми од самиот премиер и министрите во Владата, но тие директори никој не ги знае и тие како да работат во скриени институции, рече вицепремиерот пред медиумите.

Тој рече дека институции како АД Агро-Берза и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти се сосема непотребни и најави дека ќе се стави лимит на службените картички на функционерите. 

- Од службените картички не смее да се вади кеш, а такви примери имало порано кога од банкомат во Кратово биле вадени и до 5.000 евра, а се купувале и костими и одела. Toa ќе се реши системски, откако ќе се направи анализа на проблемот, вели Николовски.

ГРУЕВСКИ ОД БУДИМПЕШТА СЕ ОГЛАСИ ЗА „ТЕНК“

Нема воопшто никакво изненадување во одлуката на Врховниот суд да ја потврди пресудата за „Тенк”, кој е само дел од поширокиот и интензивен политички прогон на власта, пишува на Фејсбук, екс премиерот Никола Груевски кој престојува во Унгарија каде доби политички азил. 

Вели дека премиерот Зоран Заев преку свои посредници кои настапуваа и пренесуваа пораки во негово име. 

„Најчесто негов близок адвокат, континуирано вршеше притисок и влијание врз врховниот суд а истото го правеше и го прави и врз пониските судови, вклучувајќи го и кривичниот суд за други предмети од корпусот на оние предмети создадени со политички мотиви и интервенции и кои се дел од политичките прогони во Македонија. Пораките секогаш се од една личност, само “поштарите” некогаш се менуваат, а неретко “доставата” е и лична, понекогаш и јавна. Ситуацијата дојде до тој степен на страв кај судиите, што во некои предмети судот се плаши дури да прифати и сослуша барем еден сведок предложен од одбраната а ги прифаќаат сите предложени сведоци од обвинителството. Ова од причина што ако прифатат и сослушаат сведок на одбраната може да се доведат во непријатност во однос на пресудата која се свесни дека неправично мораат да ја донесат но чуствуваат дека ако не ја донесат ќе имаат лични последици. Таков е на пример случајот во предметот за протестите во Центар, каде сите сведоци на обвинителство се прифатени и сослушани а ниту еден од оние кои јас ги предложив или пак подоцна адвокатот назначен по службена должност од страна на судот“, пишува Груевски. 

Додава дека  не постои реформа или закон што ќе промени нешто во судството во Македонија додека државата функционира по принцип на мафијашка држава каде власта контролирајќи го обвинителството и судот своите најважни преставници ги ослободува од гонење (освен оние со кои самата ќе одлучи да ги елиминира од сосема други побуди), а истите институции преку фабрикувани случаи ги користи за гонење на политичките неистомисленици и каде пресудите на судот ги носи и испорачува еден човек или неговата најблиска структура.

УРАГАН ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА

При налетот на ураганот, град во Грција урна рекорд во однос на наврнати количини на дожд. 

Градот Ламија го урна европскиот рекорд со 142 мм врнежи на метар квадратен, а зад него е  аеродромот Андравида со врнежи од 60 мм.

На четврто место е повторно локација од Грција, аеродромот Келфанија со 53,5 мм врнежи.

Ураган беснее во Грција. Бурата ,,Јанос” позната како медитерански ураган денеска ја зафати западна Грција. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ


Помина вонредната состојба, поминаа и шансите граѓаните да дојдат до кредитни кртички или минуси на нивните тековни сметки по пониска каматна стапка.

Со особена задоволство и радост беше најавено отворањето на новата фабрика за производство за седишта на возови во технолошко индустриската зона во Тетово. 

Со пандемијата се зголеми интересот за одмор во домашните туристички центи, но се отвори прашањето дали имаме доволно сместувачки капацитети. 

Државата да размисли и да ја укине царината за увоз на природен гас, затоа што со пониската цена на овој енергенс ќе се стимулира потрошувачката, рече Андреја Јосифовски, директор на Макпетрол на денешната средба со Стопанската комора на која барањата на бизнисот ги слушаше Фатмир Бесими новиот министер за финансии.

Министерот Фатмир Бесими вети дека ќе го разгледа барањето на бизнисмените трошоците за тестрање за Ковид - 19 за вработените во компаниите да се третира како признат расход за цели на данокот на добивка. Тој денеска ги слушаше барањата на стопанствениците од Стопанската комора, за кои ова е едно од прашањата кое треба да се регулира.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ