ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пронајдена и четвртата жртва од вчерашната сообраќајка кај Рашче
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2025
НАЈДЕНО Е ТЕЛОТО НА МАЖОТ КОЈ НАСТРАДА ВЧЕРА ВО СООБРАЌАЈКА
Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче, информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК). Телата на три жени синоќа се извлечени од автомобилот, кој вчера попладне се излизга во Вардар во близина на Рашче.
Од петте лица кои биле во возилото за среќа од страна на случајни минувачи е спасено четиригодишно дете, кое е пренесено во Клинички центар во Скопје и е во добра здравствена сосотојба. Дронови трагаа по човекот.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје работи на утврдување на причините за трагедијата. Извршен е увид на местото на несреќата, собрани се траги и докази, а наредено е вештачење на возилото. Јавниот обвинител побара обдукција на загинатите лица, како и испрашување на очевидци и блиски на семејството.ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ КАЈ БАШИНО СЕЛО
Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолг временски период.
АМСМ објави дека обиколниот пат Скопје-Велес ќе биде затворен кај Башино Село, а прекинот ќе трае подолг период.
Како што соопшти АМСМ претходно денеска, од 12:20 часот патот е целосно затворен кај мостот во близина на Башино Село, поради дотраеност на мостот, изграден 1971 година од тогашната Југословенска народна армија (ЈНА).
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ќе се гради нов мост.ОБВИНЕНИЕ ЗА ШВЕРЦ НА ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ
Обвинение e поднесено за десет лица за шверц на луксузни автомобили.
Основното јавно обвинителство - Скопје поднесе обвинителен акт против десет лица за учество во шверц на луксузни автомобили, но и за фалсификување исправи.
„Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола. Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во МВР, кои ја овозможувале постапката за регистрација на возилата во државава, иако знаеле дека се криумчарени“, велат од ОЈО Скопје.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
При испраќање на старата и доаѓањето на новата година, луѓето си поставуваат цели, во смисла да најдат подобра работа, да вежбаат, да практикуваат здрав начин на живот, да си најдат хоби кое ќе ги исполнува, да донесат и реализираат важни животни одлуки. Но, од година во година целите се повторуваат и остануваат неостварени.Министерството за внатрешни работи веќе подготвило измени на Законот за полиција, а нивниот нацрт е поставен на националната платформа ЕНЕР.
Генц Мерко, најстариот син на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко,повеќе не е сопственик на Меѓународниот универзитет Струга, кој обезбедува дипломи за високо образование од неколку факултети.
Државниот завод за статистика објави два огласи на својата веб страна со кои ќе пополни дури 25 работни места. Со еден од огласите ќе се пополнат 24 позиции, а со вториот едно место. Огласите откриваат дека платите на вработените ќе се движат од 25 илјади денари, па се до 34.400, секако зависно од позицијата која ќе ја добијат. Станува збор за нето примања, што значи толку ќе им легнуваат на сметките.