19 Декември, 2025
0.0534

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пронајдено лицето кое испраќало закани за бомби во Кавадарци, се работи за малолетник

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2022 21:10

Добивај вести на Viber

МАЛОЛЕТНИК ИСПРАЌАЛ ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Кривична пријава „заработи“ малолетник од Кавадарци за „тероризам“, затоа што се закануваше со поставени бомби. 

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци. 

Тој на 4 декември годинава од неговиот персонален компјутер на интернет апликација преку хакирана електронска адреса, на службените електронски адреси на три основни и три средни училишта, сите на територија на општина Кавадарци, испратил заканувачка порака за поставена бомба во објектот. 

НАДЗОРОТ ПОКАЖА ДЕКА СУДОТ НАПРАВИЛ ГРЕШКА СО МИЈАЛКОВ

Управата за извршување на санкции по извршениот вонреден надзор во затворот од отворен тип во Струга, констатираше дека таму нема направена грешка, туку дека Кривичниот суд побарал спровод на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков на погрешен датум за судењето на вчерашното рочиште за „Титаник 2“.

„Титаник 2“, уште еден предмет во кој е обвинет Мијалков, е блиску да застари, откако беше одложено вчерашното рочиште. 

Делото на Мијалков во случајот во кој обвинети се и четворица поранешни членови на Државната изборна комисија, застарува за  четири месеци. Поранешниот разузнавач воопшто не бил спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“ по склучената спогодба. 

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА РУСКОВСКА

Јавното ибвинителство соопшти дека е покрената дисциплкинска постапка за поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска и уште две обвинителки. Според ЈО, трите обвинителки направите тешка дисциплинска повреда.

„Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште две обвинителки од тоа обвинителство.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со надеж за нова поуспешна година, со желби за подобро здравје за сите, крајот на оваа година, традиционално го одбележуваме со серија обраќања на познати бизнисмени, банкари, претприемачи, директори на компании или со еден збор сите релевантни чинители на домашната деловната заедница.

Дали некој се обиде на „Макпетрол“ да му наметне непристојна понуда од типот „гасот ќе го купиш од наши луѓе по добра цена“? „Батали го „Гаспром“, он више не е у игра“...

Хидроцентралата Баихетан, втора по големина во светот во однос на вкупниот инсталиран капацитет, започна целосно да функционира во вторникот во горниот дел на реката Јангце во југозападна Кина, според China Three Gorges Corporation.

Од личен имот има двор, куќа и автомобил, од заеднички имот има земјиште, а како имот на брачен другар има пријавено денарска штедана книшка. 

Владата со одлука која стапува на сила од 21 декември му префрли уште 25 милиони евра од буџетот на сметката на ЕСМ за надминување на енергетската криза со електрична енергија. Ова било одлучено на последната редовна владина седница во вторникот.

Иако се очекуваше од неа да се инкасираат најмалку 10 милиони евра, зградата на Еуростандард банка по се изгледа дека не може да постигне толку висока цена.

Жителите на малите градови од источна Македонија редовно одат на шопинг во Кочани. Најчесто купуваат облека и обувки.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот