ФАКТОР НА ДЕНОТ: Протести во Скопје, од среда „гарантирана цена“ за 50 производи

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2023
ДВА ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ
Жена која е мајка на онколошки пациент вечерва се расплака на протестот пред Владата.
„Сè ни земаа, што ни оставија веќе, уште душите да ни ги земат. Па и јас детето ако си го изгубам, што ќе правам. Што чекате, каде сте“, вели жената.
По говорот, таа ја искина фотографијата на претседателот Стево Пендаровски.Пред Владата денеска на протест излегоа студенти од државава кои се против донесените измени на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционери.
ОД СРЕДА „ГАРАНТИРАНА ЦЕНА“ ЗА 50 ПРОИЗВОДИ
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска објави дека од среда во маркетите 50 прехранбени производи ќе бидат одбележани со видлива назнака „гарантирана цена“ кои ќе чинат колку што се продавале на 1 август и дополнително на тоа намалени за минус 10 отсто. Тоа трговците ќе мора да го почитуваат до 30 ноември.
Производите ќе бидат објавени утре по владината седница. Од 50, според Бектеши, 25 ќе бидат во категории како лепеза. Според министерот, ќе ги има од пекарска, месна, млечна, кондиторска индустрија, односно дека станува збор за производи кои повеќе се трошат во земјата според Заводот за статистика.УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ЈА ПРОБИЛА ОДБРАНАТА КАЈ БАХМУТ
Ја пробивме одбраната кај Бахмут, уништени се моќни руски единици, тврдат украинските националисти.
Информацијата ја потврди командантот на копнените сили Олександр Сирски. Украинците велат дека се уништени некои од најподготвените руски единици, како што се 72-та, 83-та и 31-та бригада. Сирски лани во декември кажа дека војната е тешка, но Украинците се држат добро.
Украина не планира да отстапи територија во замена за мир во Русија.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Груевски е гневен на Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

(ФОТО) Спасовски заедно со граѓаните беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во селото Матејче

Милошоски за Груевски: Нека си пишува за своите приоритети, дали се лични или политички, не е битно

Млад скопјанец со украден автомобил прегазил жена и избегал

Полицијата го приведе лицето кое со автомобил сакало да удри во возилото на градоначалникот на Гази Баба

„ДЕЛ ГИ ДОНЕСОВ ВО ВМРО, ДЕЛ РАСТЕА ПОКРАЈ МЕНЕ“: Груевски гневен на Мицковски и на раководството на партијата

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите
