27 Септември, 2023
0.0258

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции има за „солидарниот“ данок, а Груевски бара докази од Мицкоски дека тој имал тајни разговори за уставните измени

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

РЕАКЦИИ ЗА СОЛИДАРНИОТ ДАНОК

Стопанската комора на Македонија излезе со остра критика за законот. 

Комората апелираше дека во носењето на Законот не се води сметка за аргументите на стопанството, туку единствено се тргнува од потребата и желбата за пополнување на буџетските дупки и неограничено трошење. Откако не помина во редовна постапка во Собранието, на Законот му беше ставено европско знаменце со единствено образложение дека се врши усогласување со директиви на ЕУ и со Регулативата на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6.10.2022 година, со која што се утврдува и “обврската за наплата на придонес за солидарност“.

За Стопанска комора, носењето на Законот за данок на солидарност не претставува никакво усогласување со директивите и регулативата на ЕУ, напротив тоа е само злоупотреба на тие регулативи, за што можни се две причини. Првата е дека воопшто не се разбира Регулативата 2022/1854, и втората, која е уште полоша, е дека можеби правилно се чита Регулативата 2022/1854, но свесно се изнесуваат неточни податоци и користејќи ја скратената постапка се носи Законот за данокот на солидарност.

Сојузот на стопански комори деднеска излезе со бурна реакција за тукушто изгласануиот данок на солидарност.

„Погубен и деструктивен за бизнисот и за стопанството во целата држава е Законот за данок за екстра оданочување, популистички наречен данок на солидарност. Покрај што во самото создавање на законот воопшто не беа земени предвид забелешките на тие што треба да го плаќаат, вака како што е донесен ќе направи непоправлива штета за компаниите. Законот пред сѐ се коси со начелата на бизнисот, со правата на инвеститорите и со исплатата на дивиденда. Трошоците за Данокот на „солидарност“ излегуваат надвор од деловните годишни планови, по затворање на фискалната година, распределбата на дивиденда, отсуствуваат од годишните инвестициски и развојни стратегии. Оној што малку се разбира во деловно и финансиско работење, знае колку погрешни се овие мерки и колку погубни резултати ќе има врз бизнисот“, пишуваат во своето соопштение до медиумите од Сојузот на стопански комори.

Велат дека не постои пример во светот каде се носи закон за ретроактивен период, закон кој условува, кој демотивира и дестимулира.

Со 61 глас „за“ попладнево во Собранието беше изгласан Законот за солидарен данок со кој екстра ќе се оданочуваат добивките на големите компании кои оствариле приход од над 10 милиони евра, а при тоа таа добивка е поголема во однос на претходните години. На денешната седница беа изгласани и измените на законите за данок на добивка и на тој за данокот на додадена вредност

ГРУЕВСКИ БАРА ДОКАЗИ ОД МИЦКОСКИ ДЕКА ТОЈ ВОДЕЛ ТАЈНИ ПРЕГОВОРИ

Поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија, бара да бидат објавени докази дека тој имал тајна комуникација со Владата за уставните измени. 

Груевски реагира на обвинувањата од неговото наследник Христијан Мицкоски кој го обвини за тајна комуникација со владата со цел уставни измени. 

Мицкоски, го обвини неговиот претходник Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени, пренесува „Дојче веле“ повикувајќи се на германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

ЈАВНИОТ СЕКТОР НАЈАВИ ШТРАЈКОВИ

Масовен штрајк за наредната недела најавува најголемиот и најрепрезентативен синдикат во земјава. 

Сојузот на синдикати на Македонија на денешната пресконференција најави дека ма тој протест ќе излезе целата јавна администрација. 

Причина е тоа што јавната администрација е гневна од растот на нивните плати за само 10 проценти во услови кога избраните и именувани функционери имаат зголемени плати од 78 проценти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Хрватска работат голем број работници од Непал, Филипини, Индија, а за работни места во оваа земја се борат и македонските граѓани. Македонските работници веќе 10 години работат во Хрватска, најчесто сезонски додека трае летната туристичка сезона.

Владата преку оглас бара директор на Бирото за метрологија. Во објавата на нејзината веб страница таа навела еден куп општи и посебни услови кои треба да ги исполнуваат лицата што сакаат да се кандидираат за местото прв човек на оваа институција.

Грчката фирма ППЦ – Архиродон, која со одлука на Владата е избрана за иден доминантен стопанственик на хидросистемот „Чебрен“,  за добиената концесијата за користење на водата на Црна Река ќе плаќа само еден отсто годишно од продадената електрична енергија, при што во овој приход нема да се сметаат трошоците за струја за работењето на пумпите.

По седум години поминати во австрискиот телекомуникациски гигант А1-Телеком, а во последните шест како директор на секторот за меѓународни односи и ЕУ-регулативи во оваа компанија, Иво Ивановски ја презема функцијата извршен директор на новосоздадената компанија EuroTeleSites AG која ќе оперира со базните станици.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби притвор, платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби притвор, платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот

Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби 30 дневен притвор

Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби 30 дневен притвор

Обвинителен акт има против полицискиот инспектор за убиството на мигрантката од Сиера Леоне

Обвинителен акт има против полицискиот инспектор за убиството на мигрантката од Сиера Леоне

Дали СДСМ ќе има заеднички претседателски кандидат со ДУИ?

Дали СДСМ ќе има заеднички претседателски кандидат со ДУИ?

Филипче: Имавме сериозен хируршки зафат кај шестмесечно бебе, на овој мал борец му овозможивме шанса за успешен раст

Филипче: Имавме сериозен хируршки зафат кај шестмесечно бебе, на овој мал борец му овозможивме шанса за успешен раст

СИСТЕМОТ ПОТФРЛИЛ И НЕ ЈА ЗАШТИТИЛ ЖЕНАТА ОД КОЧАНИ: Платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот

СИСТЕМОТ ПОТФРЛИЛ И НЕ ЈА ЗАШТИТИЛ ЖЕНАТА ОД КОЧАНИ: Платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот

МОЖНА КАЗНА И ДО 120 ИЛЈАДИ ЕВРА - еве кој и колку ќе плати за загадување на Маркова река

МОЖНА КАЗНА И ДО 120 ИЛЈАДИ ЕВРА - еве кој и колку ќе плати за загадување на Маркова река

УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ СЕ ДОСТАВАТ УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ТРЕТО И ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ: Шаќири рече дека биле готови

УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ СЕ ДОСТАВАТ УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ТРЕТО И ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ: Шаќири рече дека биле готови

„САКАЛЕ ДА СЕ МЕШААТ ВО СТРАТЕШКИ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ НА МАКЕДОНИЈА“: Петровска ги обелодени причините за протерувањето на руските дипломати од земјава

„САКАЛЕ ДА СЕ МЕШААТ ВО СТРАТЕШКИ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ НА МАКЕДОНИЈА“: Петровска ги обелодени причините за протерувањето на руските дипломати од земјава