ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции од Бугарија за спорот околу Делчев, а Македонија регистрира само 37 нови случаи на Ковид - 19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Септември, 2020
УШТЕ ЕДНА ИЗЈАВА ОД БУГАРСКА СТРАНА ЗА ТОА ЧИЈ Е ДЕЛЧЕВ
„Гоце Делчев е и Македонец и Бугарин - тој е Македонец во регионална смисла и Бугарин во национална смисла “. Ова го изјави во денешната утринска програма за Бугарската национална телчевизија потпретседателот на Мешовитиот комитет на историски и образовни прашања со Република Северна Македонија Доц. проф. Наум Кајчев. Самата комисија не се состанала веќе 10 месеци, рече професорот додека гостуваше во студиото на бугарскиот национален сервис.
Каичев рече дека е можно и Бугарија и Македонија е можно да излезат како победници од спорот за Гоце Делчев , под услов да постои волја за потпирање на архивите, манифестациите и самоопределувањата на Гоце Делчев, што според неговите зборови се „повеќе од јасни“.
„Тогаш моите колеги од Скопје рекоа дека причината се нивните парламентарни избори - не можеа да се сотануваат додека имаат парламентарни избори. Ние постојано тврдевме дека ние сме експертска комисија на која не треба да влијае домашна политичка динамика, домашни политички фактори од една или друга страна. 10 месеци, всушност, нашата комисија е блокирана и не спроведува редовни состаноци. За жал, има најава во јавноста и простор дека сè е во ред, а комисијата функционира, па дури и одговорна“, рече Кајчев.
Тој го демантира вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров дека е постигната целосна согласност за античкиот, раноосманлискиот и средновековниот период.ДЕНЕС ИМАМЕ ДРАСТИЧНО ПОМАЛ БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1.
Починати се 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови.МЕРКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНО ПОРОДИЛНО ПРЕСТАНУВА ДА ВАЖИ
Престанува да важи мерката за продолжено породилното отсуство, одлучи Владата на својата 4-та седница.
„Вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда) да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи. Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи веднаш по истекот на породилното отсуство“, информираат од Владата.
Вработените пак ослободени од работа според листата на хронични, со исклучок се оние со потврда од лекар-специјалист, сите родители на деца кои досега беа ослободени се враќаат на извршување на работните задачи од 23 септември.Донесени се препораки за организирање на настани.
ИНТЕГРА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски, побара извинување од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за изнесените тврдења дека тие се финансиски помогнати да направат штета во опозицијата и да се поделат гласовите.
Тој најави дека ќе поднесе тужба за клевета и ќе бара оштета од 100.000 евра кои ќе ги донира во добротворни цели.
Дел од членовите на ИНТЕГРА вчера преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ БАРА АДМИНИСТРАТИВЦИ
Вкупно 36 нови администртивци ќе се вработат во Министерството за финансии. Огласот е веќе објавен, а се бараат работници на повеќе позиции. Дел од работните места се за во градовите од внатрешноста па се бараат референти за Кочани, Делчево, Кратово, Крушево и други градови.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.