26 Ноември, 2024
0.0579

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции по ветото од Бугарија, денес Македонија регистрира 1.406 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

БРОЈНИ РЕАКЦИИ ПО ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА 

Да се ​​сопне Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија не е само морално неодбранливo, тoa е геополитички глупавo. Предавство на бугарските национални интереси е да се работи за Северна Македонија да остане поделена држава, оставена надвор од ЕУ, распарчена од секакви конфликти, пишува во својот личен блог професорот Бојко Пенчев, декан на Факултетот по словенски филологии на Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски".

Тој е дециден дека ова однесување на бугарските државници е поради нивната немоќ да се справат со како што вели, растечката епидемија, стравот од протестите. Така, вели Пенчев,Владата покажува мускули на Македонија. 

Независниот хрватски пратеник во Саборот на таа држава, Бојан Главашевиќ, со сериозно прашање до Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска. Тој ова му го поставил во форма на пратеничко прашање на Пленковиќ, и очекува да добие одговор на оваа дилема.

Позицијата на Македонија доби поддршка од група историчари од регионот. 

Историчари од регионот регираат по блокадата од Бугарија објаснувајќи дека со тоа се злоупотребува историјата во европските интеграции.

Станува збор за историчари од Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и од Србија кои напишаа заедничка декларација со наслов „Да ја одбраниме историјата“. 

Писмото е потпишано од Дубравка Стојановиќ, Хуснија Камберовиќ, Твртко Јаковина, Божо Репе, Аднан Прекиќ, Сњежана Корен, Бранимир Јанковиќ, Момир Самарџиќ и други.

СОФИЈА БАРА ГАРАНЦИИ

Бугарија ќе дозволи почеток на преговори за Македонија, но доколку добие правни гаранции. 

Софија инсистира на три клучни услови, кои бара да бидат вметнати во преговарачката рамка.

*придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство;

*утврдување план (патоказ) за спроведување на Договорот од 2017 година и

*многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија".

ДЕНЕС ИМАМЕ НАД 1.400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3398 тестирања, а регистрирани се 1406 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-627, Куманово-73,  Дебар-1, Штип-37, Прилеп-98, Тетово-72, Струга-17, Велес-55, Битола-51, Охрид-57, Кавадарци-40, Гостивар-84, Гевгелија-11, Струмица-30, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-8, Кочани-34, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-2,  Валандово-8, Виница-20, Делчево-6, Кратово-2,  Свети Николе-11, Кичево-10, Ресен-13, Неготино-11. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 937 оздравени пациенти од: Скопје-398, Куманово-50, Дебар-8, Штип-21, Прилеп-28, Тетово-41, Струга-18, Велес-38, Битола-28, Охрид-44, Кавадарци-29, Гостивар-23, Гевгелија-12,  Струмица-59, Крива Паланка-8, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-19, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-9, Виница-8, Делчево-17, Кратово-2, Свети Николе-15, Кичево-18, Ресен-4, Неготино-10.

Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74г), тројца од Штип (84, 70 и 62г), тројца од Прилеп (51, 40 и 55г), еден пациент од Струга (64г), четири од Битола (77, 77, 79 и 74г), еден од Гостивар (72г), еден од Радовиш (70г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Берово (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

МОЖНИ СЕ НОВИ РЕСТРИКЦИИ

За утре напладне претседателот Стево Пендаровски го свика советот за Безбедност на кој ќе бидат присутни сите членови, а поканет е и министерот за здравство, Венко Филипче.

Од Кабинетот на претседателот наведуваат дека на десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

Се очекува на овој состанок да бидат дефинирани нови и построги мерки за заштита од ширење на корона вирусот. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поранешната скопска хотелска гордост „Континентал“ годинава е на големо искушение. Тој е уште една голема жртва на корона вирусот кој не поштеди ниту една голема хотелиерска компанија. 

По сериозен притисок и постојан апел на Унијата на ЗМТАС, медицинските сетри кои повеќе од девет месеци се во средиштето на епидемијата на Ковид19 и прават натчовечки напори во негувањето и грижата за пациентите болни од корона вирусот да добијат редовни вработувања, конечно имаат позитивен исход.

Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз и пратеник, во Собранието поднесе Предлог закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со кој, како што вели, ќе се овозможи фер судење за сите монтирани политички случаи, односно оние кои биле погрешно водени во периодот од 2007 до 2017 година.

Ски-центрите низ Македонија сметаат дека е апсурно да нема скијање и зимски туризам во текот на престојната сезона, кога истовремено ризикот за заболување од Ковид-19, велат од таму е минимален. Владата на една од последните седници донесе одлука со која забрани функционирање на ски центрите. 

Ако некој корисник на финансиска поддршка од 6.000 денари од Владата има блокирана трансакциска сметка, тогаш банката која има договор со Владата треба по негово барање да му отвори посебна трансакциска сметка поврзана со времена дебитна платежна картичка на трошок на банката на која ќе ја прими финансиската поддршка и која ќе биде изземена од извршување по било која основа.

Една е од столбовите на домашната преработувачка индустрија – клучен двигател за индустријата воопшто и една од индустриите кои најмногу вработува. За текстилната индустрија често се зборува од аспект на проблемите со кои се соочува во последниот период, но овој дел од македонската економија има сериозен потенцијал, можност за дополнителен раст.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик