ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции за платформата на Мицкоски, од СДСМ велат дека самиот не ја почитува
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2024
СДСМ ВЕЛАТ ДЕКА МИЦКОСКИ ПРЕДЛОЖИ ПЛАТФОРМА ШТО НИ САМИОТ НЕ ЈА ПОЧИТУВА
Од СДСМ велат дека премиерот Христијан Мицкоски едно зборува, а друго прави.
Откако Мицкоски во вчерашниот празничен говор по повод 8 Септември, испрати порака до опозицијата дека треба да се „декриминализира“ и да се реформира, а сите останати структури во државата да се борат против криминалот, корупцијата, иселувањето, за влез во Европската Унија и заштита на националните интереси, одговор пристигна од СДСМ.
„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање на Мицкоски по повод Денот на независноста. Протоколарните пораки за обединување, за жал, немаат никаква врска со реалноста која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ и политиките кои ги практикува во овие два месеци. Всушност, речиси сите 10 точки од наводната платформа се чиста спротивност на намерите и политиките на партијата на власт. Така што оваа платформа треба да се чита спротивно на тоа што е кажана“, велат од опозициската партија.ИСЧЕЗНА МАКЕДОНКА ВО ГЕРМАНИЈА
Седум дена се трага по изгубена Македонка во Германија.
Во местото Бад Завештајн во близината на Штутгарт, исчезна Македонката Наташа Совраноски.
Таа последен пат е видена на 2 септември во 20:15 часот во Бад Тејнах-Завелштејн (Bad Teinach -Zavelstein), и од тогаш и се губи секаква трага.ПОЛИЦИЈАТА СПАСИ МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ ВО АЛБАНИЈА
Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, по што ги спасила полицијата.
Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција, јавија албанските медиуми.
На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според информациите, таа е добра здравствена состојба.ВАРХЕЈИ ВЕЛИ ЌЕ ИМА МЕЃУВЛАДИНИ КОНФЕРЕНЦИИ СО СРБИЈА, АЛБАНИЈА И МОЖЕБИ СО МАКЕДОНИЈА
Идниот месец ќе има меѓувладини конференции со северниот и западниот сосед, а можеби и со Македонија.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека во октомври ќе се одржат меѓувладини конференции со Србија, со Албанија и можеби со Северна Македонија.
На конференцијата за Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) и Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ЗБП) во Будимпешта, Вархеји додаде дека ЕУ треба да ги продолжи преговорите со Србија и да го отвори Кластерот 3, кој се однесува на конкурентност и инклузивен раст. Воедно тој ги повика Белград и Приштина да напредуваат во дијалогот кој се води под посредство на ЕУ.САМО ЕДЕН „ЕР ТРАКТОР Е ФУНКЦИОНАЛЕН“
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) сега има само еден функционален авион „Ер трактор“ од трите што ги поседува, вели директорот на ДЗС, Џеват Селами. Според него, иако пред три дена биле повикани механичари од Шпанија да ги поправат авионите, проблемите со опремата повторно се појавиле следниот ден.