ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рекорд на заразени со коронавирусот, во меѓувреме се бара начин за надминување на разликите со Бугарија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Ноември, 2020
РЕКОРД НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД -19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3211 тестирања, а регистрирани се 1192 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-571, Куманово-63, Дебар-15, Штип-50, Прилеп-51, Тетово-87, Струга-10, Велес-42, Битола-43, Охрид-49, Кавадарци-15, Гостивар-40, Гевгелија-6, Струмица-36, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-6, Кочани-27, Пробиштип-14, Демир Хисар-5, Берово-1, Виница-7, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-7, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од: Скопје-206, Куманово-15, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-11, Велес-3, Битола-9, Кавадарци-11, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-27, Пробиштип-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.
Починати се 22 лица, осум пациенти од Скопје (78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51г), двајца од Штип (80 и 80г), еден од Прилеп (65г), двајца од Тетово (41 и 66г), двајца од Велес (75 и 57г), двајца пациенти од Битола (71 и 66г) и двајца од Охрид (54 и 73г), еден пациент од Гостивар (72г), еден од Крушево (81г) и еден пациент од Пехчево (53г). Од нив, еден е починат вон, станатите се починати во болнички услови.СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОВИТЕ СО БУГАРИЈА
За почетокот на пристапните преговори во Европската Унија телефонски разговарале претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев.
Разговарале за можноста да се постигне оддржливо решение за европскиот развој на регионот.
,,Нема потреба од нов договор или анекс, добрососедскиот договор е одлична рамка и нуди инструменти за надминување на праашњата за кои Софија има дилеми“, велат од Владата.
Паралелно течат и контактите мегу МНР на Скопје и Софија, кои како што велат од Владата, водат кон приближување на позициите, но детали не се изнесуваат во интерес на процесот.Германија сторила многу за европската иднина на Западен Балкан.
Oва го рекол премиерот Зоран Заев во телефонски разговор со канцеларката на Германија, Ангела Меркел.
Заев телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија од Владата.
„Во телефонскиот разговор меѓу канцеларката Меркел и премиерот Заев беше споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ“, стои во соопштението.
Заев се заблагодарил за ангажман на германското претседателство со ЕУ, за личното вклучување на министерот за надворешни работи Хајко Маас, на државниот министер за ЕУ Михаил Рот, како и за личниот ангажман на Меркел.ДИМОВА ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ
Кривичниот суд денеска одлучи да го одземе пасошот на разрешената директорка на Националната агенција за европско образование Лидија Димова.
Таа ќе мора редовно да се јавува во судот.
Осомничена е дека направила штета на буџетот на агенцијата, и ја злоупотребила службената положба.ЗАХАРИЕВА ВО ИЗОЛАЦИЈА
Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева е во самоизолација откако нејзиниот заменик Петко Дојков бил потврден за позитивен на брз тест за Ковид-19. Резултатите од неговиот тест за ПЦР се очекуваат, соопшти Министерството за надворешни работи.
Оттаму додадоа дека Захариева нема симптоми и е во добра општа состојба и ќе продолжи да ги извршува своите службени должности. Резултатот од првиот брз тест на Захариева бил негативен. Иако резултатот од брзото тестирање не е причина за карантин, вицепремиерката веднаш се изолирала се додека не биле потврдени резултатите од заменик министерот Дојков. Резултатот од тестот за PCR на Захариева се очекува да биде готов на крајот на работниот ден.
Дојков учествуваше и беше дел од бугарската делегација и средбата на вицепремиерката Захариева во Берлин на средбата во понеделникот со министерот Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров во Берлин.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.