ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се договараат кадрите за новата Влада, денес нови 103 заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Август, 2020
ВЕЌE ИМА ДОГОВОР МЕЃУ СДСМ И ДУИ
Владата е договорена, а свикан е централен и извршен одбор во СДСМ, дознава Фактор од партиски извори.
Задутре попладне СДСМ ќе има централен и извршен одбор.
Партиското членство веќе е известено.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доби мандат од шефот на државата, Стево Пендаровски за формирање на Влада. Имајќи ги предвид очекувањата за брз конечен договор, во текот на следните денови се надеваме дека ќе продолжи конститутивната седница за избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија“, гласи известувањето на СДСМ.ДЕНЕС НОВИ 103 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-13, Куманово-26, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-3, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-15, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Демир Хисар-7, Берово-1, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти од: Скопје-60, Штип-17, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-19, Битола-2, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-11, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-3, Виница-10, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Ресен-2.
Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.ШИЛЕГОВ ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ СЕНКО
Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, објави дека го разрешил Сенад Смаиловиќ, откако директорот на јавното претпријатие, според тоа што претходно го објави „Лидер“ , бил фатен со кокаин од полицијата во Струга.
Шилегов сепак не ја наведува причината поради која го разрешува директорот кој во јавноста беше познат под името Сенко.
„Дозволете ми да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта - Скопје денес е разрешен од досегашната фунција“, напиша кратко Шилегов на својот профил на Фејсбук.
Според полицискиот билтен, На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува дали министерката Нина Ангеловска ја имала информацијата дека Народната банка ќе и ја одземе дозволата на Еуростандард банка кога ги повлекла парите од депозитот или во тој момент не била информирана што ќе се случува. Ќе се утврдува дали има злупотреба на службената положба.
Претседателката на Антикорупциска комисија за Фактор потврди дека ќе го испитуваат случајот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.