Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2024
Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР.
По долго боледување, почина вчера на 22 ноември, во Скопје, објави весникот Вечер.
Нејзината посветеност и визионерски дух ќе останат трајна инспирација на сите нас.
Таа беше дел од весникот ВЕЧЕР од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.