СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2024
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска оствари средба со Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО.
По средбата, претседателката ја истакна важноста на оваа функција за меѓународната позиција на Северна Македонија.
„Имав пријатна средба и плоден разговор со новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО, госпоѓа Радмила Шекеринска. Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание,“ изјави претседателката.
Таа ја нагласи важноста на единството и консензусот меѓу носителите на највисоките државни функции.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.