18 Декември, 2025
0.1372

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се отворија летните тераси на кафулињата, полицискиот час почнува од 21 часот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Април, 2021 20:12

Добивај вести на Viber

СЕ ОТВОРИЈА ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ, ОД 21 ПОЧНУВА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Граѓаните излегоа на кафе во кафулињата и уживаа во убавото време. Oтворените тереси на кафулињата ќе работат до 20.30 часот, а од денеска полицискиот час почнува од 21 часот. 

По скоро три неделна пауза угостителски објекти од денеска започнуваат со работа. Во согласност со одлуката на Владата, на кафулињата и кафеаните им е дозволено гости да примаат на отворените летни тераси. Во меѓувреме, продолжува забраната за организирање на прослави (веселби, родендени и слично). 

НОВИ 447 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.034 тестирања, а регистрирани се 447 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје –191, Куманово – 36, Прилеп – 26, Струмица – 21, Битола – 19, Велес – 18, Тетово – 17, Гостивар – 16, Кочани – 15, Неготино – 11, Охрид – 10, Кичево и Радовиш – по 7, Кавадарци – 6, Штип, Берово и Виница – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 4, Богданци и Крушево – по 3, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Ресен, Делчево, Дебар, Пробиштип, Демир Капија, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 620 оздравени пациенти од:

Скопје – 272, Куманово – 56, Прилеп – 55, Битола – 34, Велес – 25, Тетово и Охрид – по 23, Струмица – 20, Штип – 18, Гевгелија – 15, Кичево – 11, Струга и Кочани – по 10, Радовиш – 7, Гостивар и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Богданци – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Кавадарци и Македонски Брод – по 2, Неготино, Берово, Валандово, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 30 починати лица.

РЕАКЦИИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ПАУНОВСКИ

Не стивнуваат реакциите од граѓаните по разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

На социјалните мрежи осамнаа голем број постови за Пауновски, во кои граѓаните недвосмислено ми изразуваат поддршка и го поздравуваат неговиот цврст став во одбрана на професионалноста и интегритетиот на институцијата со која раководеше. 

На седницата за пратенички прашања денеска во Собранието се дискутираше и за разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски. 

Тој беше разрешен вчера на седница на Владата. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова го праша премиерот Зоран Заев врз основа на кои членови и по кои закони е разрешен Пауновски. 

ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ ЌЕ СЕ НОСИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

Министерката за образование Мила Царовска денеска на собраниската говорница, одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека законот за дигитализирање на учебниците ќе се носи по скратена постапка, односно со ЕУ-знаменце, по консултацијата со Секретаријатот за европски прашања, 

Царовска ја обвини опозицијата дека ги манипулира родителите, наставниците и учениците со цел, како што вели таа, да ја блокираат реформата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

До крајот на годината, српските туристи во хотелите во Охрид и Струга ќе имаат попусти од 20 отсто.

Откако Уставниот суд донесе одлука да го преиспита ставот 3 член 163 од Законот за банките, со кој Фондот за осигурување на депозити има предност при наплатата на средствата кои ги дал за обештетување од стечајната маса, сега повторно сите погледи се вперени кон оваа висока судска инстанца.

И покрај укинувањето на дел о дрестрикциите и намалувањето на траењето на полицискиот час, согласно препораките на Комисијата и од денеска останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор. Исклучок од оваа забрана се оние компании од овие дејности кои можат работата да ја организираат на отворено со примена на мерките за лична заштита. 

Одличен квартал за прилепска „Витаминка“. Растат приходите од продажба дома, расте извозот и оперативната добивка. Нето добивката за три месеци е над 200.000 евра и тоа е за 54 отсто подобро од истиот период лани!

Македонија за изградба на својата железничка инфраструктура на располагање има 55,74 милиони евра од Еверопската банка за обнова и развој за периодот 2021-2023, и дополнителни неповратни грантови од 27 милиони евра, главно за коридорот 8 (источен дел). Ова го покажува објавениот бизнис план за 2021 на МЖ Инфраструктура.

Истакнати членови на СДСМ од Охрид, меѓу нив и повеќе долгогодишни советници во Советот на општината формирале Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори. Мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „ОХРИД ПРЕД СЕ“. 


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми