25 Ноември, 2024
0.0274

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се слави Илинден, политичарите упатија пораки за единство

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Август, 2020

Добивај вести на Viber

ПО ПОВОД ИЛИНДЕН ПОЛИТИЧАРИТЕ УПАТИЈА ПОРАКИ ЗА СПЛОТЕНОСТ

Премиерот Оливер Спасовски денеска од прославата на Илинден во Скопје, изјави дека се слави Денот на Републиката под слоганот „Победа за сите“. 

Вели дека денес Македонија е успешна приказна и светол пример во Западен Балкан. 

„Денес славиме празник за подобро утре на оваа и на сите идни геенрации, за да ја градиме нашата вековна иднина“, рече Спасовски. 

Кажа дека Македонија ќе ја градиме како граѓанска држава. 

„Должни сме да се спротивставиме на фашизмот, гласно и храбро“, рече премиерот. 

Вели дека гордо треба да го славиме македонскиот јазик, кој денес е впишан во личната карта на нашата држава во ОН. 

Спасовски изјави дека мора да го зајакнеме заедништвото и да ги надминеме поделбите. 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во Пелинце изјави дека македонските граѓани се обединети околу човечковите права, слобода, демократија. 

Вели дека пандемијата се заканува целосно да го промени нашиот начин на живот. 

Кажа дека е ограничено патувањето и социјализацијата. 

„Оттуѓувањето кое го однесе оваа криза, сериозно ја загрозува нашата меѓусебна солидарност, со оние кои поминуваат низ пеколот на болеста и оние кои ги изгубија своите работни места“, рече претседателот. 

Вели дека мора да обезбедиме социјална правда, и да ја поттикнеме економската активност.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски денеска во Крушево изјави дека сме исправени пред опасноста Ковид -19, кој е тежок предизвик за здравствениот систем. 

Вели дека од сето ова ќе излеземе со повеќе искуство, и со вредност, а тоа е солидарноста. 

Им се заблагодари на здравствените работници, за нивната посветеност, хуманост и солидарност. 

„Работевме напорно за да бидеме дел од НАТО сојузот, да изградиме стабилна, силна и економски просперитетна Македонија. Да се биде под чадорот на НАТО значи колективна безбедност, значи „сите за еден, еден за сите“, вели тој. 

Мисовски кажа дека Македонија иако е мала земја по територија, стана пример во регионот. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа на граѓаните им го честита Илинден.

Мицкоски се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото и додаде дека во Македонија мора да има правда, а тој нема да се откаже од таа цел.

„Денес оние кои се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки од минатото, и целосно свесен дека токму овие жестоки по-јаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмилено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза. Јас повеќе не сакам да ги коментирам, верувам во народот и верувам дека народот сосема јасно разбира за што овде се работи и кој за што се бори, кој ја сака и кој работи за Македонија.

ДЕНЕС 166 НОВИ ЗАРАЗЕНИ И 4 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-10, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-12, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: Скопје-98, Куманово-17, Штип-25, Битола-8, Гостивар-15, Радовиш-2, Пробиштип-1, Свети Николе-12, Кичево-3, Ресен-4.

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (77г.), пациент од Кичево (72г.), пациент од Штип (58г.) и пациент од Битола (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЈАВНИОТ ДОЛГ

Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот и негарантираниот долг заклучно второто тримесечје од 2020 изнесува 59,5% од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува зголемување за 8,8 процентни поени.

Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7% од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик