ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се состана ИК на ВМРО-ДПМНЕ, бараат избори
Објавено во: Македонија 21 Август, 2023
ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИЗБОРИ
Предвремени избори до крајот на оваа година, бара Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет на партијата изразил благодарност за сплотеноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ затоа што покажала дека ја почитува волјата на народот и се против наметнати уставни измени, истовремено барајќи од претседателот на Собранието Талат Џафери да не го злоупотребува Деловникот.
„Тој треба да овозможи да се носат одлулки без разлика на тоа дали на власта и се допаѓаат одлуките или не. Трета работа што ја заклиучи ИК е дека оваа власт е делегитимирана и не носи решенија во економијата, пензионерите. Затоа сметаме дека излезот би бил предвремени парламентарни избори во текот на оваа година. Тоа би требало да се одлучи со конзенсуз на сите политички партии, да се направат потребните измени и дополнувања на Изборниот законик и да одиме на избори. Народот да може да ја донесе одлуката за решение за ваквата проблематична состојба“, рече Антонио Милошоски од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.НЕВРЕМЕ ВО ВЕЛЕС
Невреме попладнево го зафати Велес. Дуваше силен ветер, имаше врнежи и грмотевици.
Има откорнати дрвја и покриви, а многу од улиците се поплавени со вода.
На десетина метри од автобуската станица паднало дрво, а има и откорната бандера поради што сообраќајот е во прекин.
И во четврток се очекува нестабилност.НИКОЈ НЕМА ДА БИДЕ КАЗНЕТ АКО НЕ ГИ СМЕНИ ДОКУМЕНТИТЕ ВО ПРЕДВИДЕНИОТ РОК
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска истакна дека никој нема да биде казнет доколку не успее да ги промени документите во предвидениот рок, или поточно до крајот на февруари.
- Во ниту еден случај нема да стане збор за казнување на граѓаните, тоа нема да го направиме, ниту пак да трпат во остварувањето на своите права - изјави Спасовски, во врска со законската обрска за промена на личните документи.
- Во континуитет, како ќе се одвиваат состојбите, такви одлуки ќе носиме, но, одлуките секогаш ќе бидат во интерес на граѓаните - дополни тој.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.