26 Ноември, 2024
0.0285

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се стресе Скопје, денес во земјава над 900 заразени со коронавирус

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ СКОПЈЕ

Земјотресот кој го потресе денеска Скопје не бил со јачина од 3.4 туку со јачина од 3.9 степени. Коригираниот податок го објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Граѓаните беа испаничени од потресот.

Епицентарот на потресот бил на 9 километри источно од Скопје, на длабочина од 1 километар.

Веднаш по него, за неколку минути, се почувствува и втор послаб земјотрес.

Во соседството, земјотреси имаше во Грција и Албанија. 

Кон средината на ноември имаше повеќе потреси во Западна Македонија, при што многу куќи и викендички имаат пукнатини и оштетувања. 

ДЕНЕС ИМАМЕ НАД 900 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, Струмица-15, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-24, Валандово-2, Виница-1, Делчево-11, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-13, Ресен-15, Неготино-20. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 789 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-46, Штип-46, Прилеп-56, Тетово-38, Струга-15, Велес-26, Битола-28, Охрид-60, Кавадарци-12, Гостивар-31, Гевгелија-10, Струмица-22, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-3, Кратово-7, Свети Николе-11, Кичево-19, Ресен-9 и Неготино-9.

Починати се 33 лица, девет пациенти од Скопје (62, 62, 63, 67, 79, 66, 74, 81 и 68г), еден од Куманово (70г), еден од Штип (89г), шест пациенти од Прилеп (43, 78, 70, 82, 60 и 85г), еден од Тетово (72г), четири од Струга (60, 71, 65 и 79г), еден од Велес (71г), еден од Битола (55г), еден од Гостивар (76г), еден од Гевгелија (53г), еден од Струмица (73г), еден од Крива Паланка (62г), еден од Пробиштип (70г), двајца од Берово (88 и 63г), еден од Кратово (71г) и еден пациент од Кичево (67г). Од нив едно лице е починато вон, останатите се починати во болнички услови.

БУЧКОВСКИ СЕ НАДЕВА НА РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА

Нема ништо тајно во разговорите, а очигледно некој се обидува да ја наелектризира ситуацијата во Македонија, рече поранешниот премир Владо Бучковски денеска во Студио 10 на Телевизија 24. 

Владата на вчерашната седница го назначи Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија. Тој сега вели дека ова е предизвик и за него, но тврди дека е  убеден дека ќе успееме оти сме биле блиску до излезни решенија. Сепак рече дека е недопустливо ние да биде понижени и зборуваше дека нашите црвени линии се исцртуваат.

Владо Бучковски е одличен познавач на состојбите, има добри контакти со Бугарија и ќе придонесе позитивно за процесот и односот со оваа земја, изјави денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски на прашањето по кои критериуми се водела Владата кога вчера на седница го избра Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија.

ПОЛЕМИКА ОКОЛУ АМАНДМАНИТЕ НА ЛЕВИЦА

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, објави еден од трите илјади амандмани со кој опозицијата сака да ги блокира измените на собранискиот Деловник во кој пратеникот на „Левица“, Борислав Крмов, бара секој пратеник при онлајн-седниците да има пред камера велигденско јајце.

Наместо Апасиев да се потпише и да застане зад неговите навредувачки амандмани, тој низ вода го пушта пратеникот Крмов. Со таквите амандмани се гледа намерата на Левица исклучиво за блокирање на работата на собранието.

Инаку предлогот е за време на Велигденските празници, пратениците што учествуваат во online работата на собрание пред себе да имаат велигденско јајце. Срамно и понижувачки кон оние кои дале глас за Апасиев.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Електрани на Северна Македонија и пред се подружницата РЕК Битола за една година потрошиле 20 милиони евра повеќе за зголемено производство на електрична енергија од фосилни горива, покажува објавениот финансиски извештај за 2019.

Замина човекот што содаде деловна империја која имаше бизниси во трговија, телекомуникации и хотелиерство. Енвер Малиќи од успешен трговец навлезе и во другите дејности и лани неговите друштва остварија вкупни приходи кои надминаа 43 милиони евра

Независниот хрватски пратеник  Бојан Главашевиќ вели дека загрижуваат националистичките пораки кои доаѓаат од Бугарија и се насочени кон Македонија.

Сонот за влез во ЕУ и ветувањето за европска интеграција сами по себе ниту ќе ги решат клучните проблеми во Македонија и земјите од Западен Балкан, ниту сами по себе треба да се единствен мотив и патоказ за преземање на сериозни реформи.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик