25 Ноември, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се враќа старото работно време за кафулињата, меѓу починатите денес и 33 годишен гостиварец

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

СЕ ВРАЌА СТАРОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА КАФУЛИЊАТА

Единствено нешто што ќе се случи во однос на рестриктивните мерки е тоа што сигурно на 21 јануари, односно следната недела, кафулињата, рестораните и останатите угостителски објеќти ќе работа до 21 часотр, истакна Министерот за здравство Венко Филипче по неговата посета на Институтот за судска медицина.

Вели дека во моментов во земјава имаме стабилна епидемиолошка слика, и како што рече, се намалува бројот на хоспитализираните пациенти, во моментов нема пациенти на болничко лекување во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести. Ваквата состојба според него овозможува угостителските објекти да може да имаат продолжено работно време од три часа, односно да работат до 21 часот.

-Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Тоа е единствената мерка која ќе биде олабавена. Во меѓувреме ќе ја следиме состојбата и согласно тоа можеме да го разгледаме и нивното барање да работат до 23 часот. Но, се останато останува исто. На сила остануваат сите останати мерки, истакна министерот Филипче. 

МЕЃУ ПОЧИНАТИТЕ ДЕНЕС ОД КОРОНАВИРУСОТ ИМА И МЛАД ЧОВЕК

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-198, Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти од: Скопје-229, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-14, Велес-17, Битола-11,  Кавадарци-28, Гостивар-13, Гевгелија-8, Струмица-6, Крива Паланка-9, Радовиш-4, Кочани-10, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Кратово-3,  Кичево-5, Ресен-2, Неготино-3.

Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (62г), еден од Охрид (61г), три пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51г), три од Гостивар (73, 67 и 33г) и два од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.

ХАОС ПРЕД ГРАДСКА БОЛНИЦА

Во моментов има голем број на полициски возила и службеници пред Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, пишува порталот Во центар.

Од извори на лице место тие пишуваат дека се работи за возило марка Голф 5 кое влетало во болницата, а потоа и едно лице извадило пиштол и го вперило во полицијата.

Дознаваат дека се работи за нерасчистени сметки помеѓу две семејства, по што се случил Обид за убиство прво во населбата Цементара. По инцидентот, рането лице било донесено со возилото во Градската болница.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нема информации дали и кога ќе заседава Комисијата за заразни болести, за да донесе одлука дали евентуално може порано да се врати работното време на угостителските објекти до 21 часот, наместо до 18 часот како што е сега, но и дали може да се продолжи работењето на локалите за дополнителни два часа, до 23 часот.

Банката официјално потврди дека ќе одржи акционерско собрание најдоцна до 25 март. Резултатите се одлични и тоа е уште неофицијално. 

Вкупно 43 членови на македонската фудбалска репрезентација ја добија ветената награда од Владата од по 10.000 евра за историскиот пласман на Европското првенство што ќе се одржи ова лето.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека се во постојана комуникација со производителот Фајзер и уште еднаш повтори дека се резервирани сите 800.000 дози од нивните вакцини, а првите дози ќе ги имаме во текот на следниот месец.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето