26 Ноември, 2024
0.0298

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Серија земјотреси во Македонија, денес имаме над 1.300 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

ПОВЕЌЕ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА 

Слаб земјотрес е регистриран попладнево близу Центар Жупа. 

Земјотресот бил со јачина од 2.4 степени, со епицентар  на 14 километри од Центар Жупа. 

Во текот на денот имаше повеќе потреси во реонот на Маврово и Гостивар. 

Поради земјотресите имаше и одрони на патот. 

Во текот на денот имаше два земјотреси со јачина од 4.9 степени. 

Граѓаните се силно вознемирени од земјотресот кој  беше почувствуван нешто пред 5 часот утринава.

ЗА 24 ЧАСА НАД 1.300 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-583, Куманово-100,  Дебар-12, Штип-40, Прилеп-57, Тетово-80, Струга-13, Велес-64, Битола-50, Охрид-31, Кавадарци-23, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-15, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-8, Кочани-29, Пробиштип-6, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-5, Берово-3,  Валандово-4, Виница-13, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-12, Кичево-35, Ресен-10, Неготино-24. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти од: Скопје-207, Куманово-20, Штип-13, Прилеп-32, Тетово-42, Велес-11, Битола-19, Кавадарци-6, Гостивар-7, Гевгелија-13, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-4, Берово-5, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-1.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80г), двајца од Штип (64 и 50г ), еден од Прилеп (66г), еден од Тетово (71г), двајца пациенти од Струга (66 и 59г), еден од Велес (68г), двајца од Битола (55 и 57г), тројца пациенти од Охрид (77, 63 и 80г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (73г), еден од Струмица (62г), еден пациент од Крива Паланка (57г), двајца од Радовиш (82 и 72г) и еден пациент од Делчево (71г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

ЗАЕВ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ОЧЕКУВА РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА

Премиерот Зоран Заев се надева дека до вторник ќе најдат решение со Бугарија, со цел да не го попречуваат почетокот на преговорите со ЕУ. 

Деновиве разговорите ќе се интензивираат. 

Тој вели дека вистинските европски политичари мора да му дадат шанса на процесот. 

„Имавме разговори кои се одвиваа во конструктивна атмосфера. Договорот со Грција ме подучи дека на Балканот решението што ќе се изнајде ќе треба да е победничко за двете страни. Не сме стигнале до таму за решение со Бугарија, но процесот не треба да се одвива преку јавноста, нема да правиме шоу за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за јавноста во двете земји, но не го решава спорот. Имаме јасни позиции и ќе работиме со Бугарија на заедничко победничко решение. Македонскиот идентитет е гордост и ќе остане гордост како планина и без да правиме националистички спектакл за ова прашање“, изјави Заев.

Вели  дека целта е преку комисиите, онаа за историски прашања и меѓувладината, да се изнајдат решенијата.

KОЛКУ „ТЕЖИ“ БУЏЕТОТ ЗА ИДНАТА ГОДИНА

Буџетот за следната година тежи 4,03 милијарди евра и ќе биде буџет на поддршка на здравствениот сектор и погодената економија. 

Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими ги соопштија клучните проекции за следната година. Таа се планира да е година на ревитализација, а вкупниот БДП да порасне 4,9 процент. Секако непредвидливоста поради вирусот останува, но властите се убедени во фискалната консолидација. Ќе се потрошат над четири милијарди евра, а вкупните приходи се позиционирани на 3,45 милијарди евра. Буџетскиот дефицит значи е 34,9 милијарди денари (567 милиони евра) или 4,9 проценти од БДП. Заев најави промени во изворите на финансирање на буџетските потреби и репрограмиирање на јавниот долг. Планирано е да се издаде развојна државна обврзница, а пари ќе се обезбедуваат и од приватизација на дел од акционерските друштва во кои државата е акционер или државните компании кои се во загуба, но и продажба на државно земјиште.

Заев и Бесими најавија кратење на непродуктивните трошења и поефикасно трошење на капиталните инвестиции. Тие се планирани догодина на  23 милијарди денари или 20 проценти повисоки од планот за 2020 година.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, го објави Анкетниот лист со податоци за својата лична имотна состојба и таа на неговите најблиски, откако за тоа беше опоменат од Државната комисија за спречување на корупција.

Додека јавноста упорно очекува да види како ќе изгледа Законт за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход, но и за пензионерите, социјалците и самохраните родители, за кој власта вели дека е испратен во собраниска процедури, но барем до вчера вечерта не можеше да се најде на сајтот на Собранието, се појавија и првите реакции кај дел од оние кои ја очекуваат помошта, или конкретно, кај пензионерите.

Цементарницата „Усје“ годинава ја зголеми нето добивката за 21 отсто во споредба со лани. Оваа голема и извозно ориентирана компанија всушност покажа дека е „негативна“ на корона тестот. Не само што не и влијае туку овој период и ги зголеми приходите од продажба на домашниот пазар за 6 отсто

Корона вирусот, кој според сите прогнози на здравствените власти и кај нас и воопшто во зветот, овој период станува многу посилен, неговата вирулентност е најмалку двојно зголемена во однос на топлите месеци, конечно ги преплаши и оние најтврдокорните, кои досега не веруваа дека воопшто постои. 

Маските кои ги носиме со цел заштита од коронавирусот, помагаат и во овие денови со високо загаден воздух.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ