08 Декември, 2025
0.2183

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова вели дека Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитува

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2024 21:40

Добивај вести на Viber

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова денеска изјави дека не го прекршила Преспанскиот договор кога ја давала свечената изјава во Собранието, кога ја испушти „Северна“.

„Јас ја потпишав изјавата со актуелното име, името од Преспанскиот договор. Меѓутоа, јас исто така верувам во слободата на изразување на мислата, слободата на самоидентификација и слободата самоопределување која не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална. Значи, за мене, слободата на мислата како дел од Универззлната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснуваат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор“, изјави денеска Силјановска-Давкова.

Грците реагираа дека ако земјава не го почитува Договорот од Преспа, ќе има блокада на европскиот пат. 

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО КАЖА ЗОШТО НЕ ЈА РАЗРЕШИЛ БЕСИЈА ИЉАЗИ

Првиот човек на Министерството за здравство во техничката влада Илир Демири вели дека не ја разрешил организационата директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази бидејќи немало доказ дека таа го прекршила законот.

„Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица, тие се вработени во 2023 година. Каде бевте вие, новинарите, директорите и министрите да кажете за квалитет и за неквалитет? И зошто дозволувате тие луѓе да се на список за дежурства и на смени, а реагирате еден месец пред изборите? Јас чекав да поминат изборите, дел од фактите ги објавив на страната на Министерството. Медицинскиот директор и колегата кои правеа мобинг ги разрешив. Иљази во ниеден момент не го прекршила законот“, рече Демири.
ПЕЈАЧ Е УБИЕН НА ПЛАСТИЧАРСКА

29 годишниот Амар Исмани од Скопје популарен пејач е жртвата по синоќешното пукање на Пластичарска улица, дознава ТВ21.

Првично избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање.

Амар Исмани беше пејач со многу популарни видеа, поставени на видео-платформата јутуб.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село