19 Декември, 2025
0.0481

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сите го чекаат исходот од Охрид, Вучиќ, Курти, Борел и Лајчак со часови преговараат

Објавено во: Македонија 18 Март, 2023 21:50

Добивај вести на Viber

СО ЧАСОВИ ТРААТ РАЗГОВОРИТЕ ВО ОХРИД

Со часови во Охрид се водат разговори за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. 

Шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел го откажал летот за Брисел, брифираат дипломатски извори за Радио Слободна Европа. Повеќе од 10 часа траат средбите во Охрид со лидерите на Србија и на Косово.

Тој денеска во 10 и 30 часот ги започна средбите во Охрид во рамки на дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Прво имаше одвоените средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа и со премиерот на Косово, Албин Курти. На средбите присуствува и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. Потоа следуваше трилатерална средба.

Ако српскиот претседател Александар Вучиќ нешто потпише, веќе има најави од одредени радикални групи во Србија дека спремаат насилни протести. 

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЕКВАДОР, ИМА ЗАГИНАТИ

Шест луѓе меѓу кои и едно дете загинаа денеска во земјотрес во Еквадор. 

Има и повредени, а причинета е и материјална штета. Делови од објекти се урнаа на улиците. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6.9 степени бил во Гвајас, а земјотресот силно се почувствувал и во соседна Колумбија. Катастрофален земјотрес го погоди Еквадор во 2016 година, со јачина од 7,8 степени. 

ПУТИН СЕ ПРОШЕТА НА КРИМ

Рускиот претседател Владимир Путин, за кого судот во Хаг вчера издаде налог за апсење за воени злосторства во Украина, денеска се шеташе на Крим. 

Тој пристигна на Крим на годишнината од повторното обединување на полуостровот со Русија, објави РИА Новости. Рускиот претседател беше во Севастопол на отворањето на уметничкото училиште и центарот Корсуњ во Херсонез.

Крим и Севастопол ја слават деветгодишнината од приклучувањето кон Русија. Тие станаа руски региони на 18 март 2014 година на референдум, кој се одржа по државниот удар во Украина.

фото Фејсбук Александар Вучиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните