ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопјани се закануваат во автобус при укажување да стават маска, денес имаме 100 заразени со корона
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Јануари, 2021
СКОПЈАНИ СЕ ЗАКАНУВААТ ВО АВТОБУС ПРИ УКАЖУВАЊЕ ДА СТАВАТ МАСКА
Непријатно видео се шири на социјалните мрежи. Двајца скопјани не само што не носат маски во автобус, туку и се закануваат со сечење глави и топење во киселина и ги напаѓаат граѓаните кои ги предупредуваат на ова однесување, но и на возачот во автобусот.
На ова видео на кое се гледа како двајца граѓани од земјава во автобус на јавниот превоз се буквално без маски, односно ги носат, но не им се покриени ниту устата ниту носот, веќе се шири на социјалните мрежи. Тие им се акануваат на луѓето во автобусот кои ги опоменуваат, со образложение „не знаеш ти кој сум јас“, како и дека „ќе ги стопат во киселина“.
Постот и видеото се денеска објавени од профил на Твитер Charles Boycott.КАЗНИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ДУИ КОИ СЕ ФОТОГРАФИРАА БЕЗ МАСКИ
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска потврди дека сите функционери на ДУИ кои го одбележаа роденденот на партискиот лидер Али Ахмети без носење заштитчни маски во Министерството за политички систем добиле прекршочен платен налог.
„Казнети се сите до еден на таа маса, До сега не може да му замерите на МВР кога се работи за казни за државни функционери. Од премиерот, заменик-премиерот и министрите, сите до сега се казнети за превиди кои треба да се санкционираат“, рече Спасовски.
Министерот за собирот на партискиот врв на ДУИ рече дека од кривично правен аспект треба да се изјасни Јавното обвинителство дали има кривична одговорност, а исто така и дека Државниот инспекторат за труд најавил вонреден надзор.НОВИ 100 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-3, Дебар-12, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-3, Охрид-4, Кавадарци-8, Гостивар-3, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Кичево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од: Скопје-314, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-27, Тетово-16, Струга-8, Велес-16, Битола-26, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-13, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Крушево -11, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-7 и Неготино-3.
Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЌЕ РАБОТАТ ДО 21 ЧАСОТ
Барањето на угостителите за продолжување на работното време е логично, и ние тоа ќе го разгледаме на некои од следните состаноци на Комисијата за заразни болести, истакна денеска министерот Венко Филипче по посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство.
-Ова скратување на времето дополнително, иницијално кога беше донесено минатиот месец, рековме дека ќе биде до 21 јануари, кога практично и завршуваат прославите, верските празници, и тогаш веќе по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот. Сепак, ние ќе го разгледаме барањето дали би можело да се продолжи работното време уште за два часа, потенцираше министерот за здравство.
Истакна дека состојбата со епидемиолошката слика во земјава е стабилна, дека генерално се намалува бројот на новозаразените лица, но рестриктивните мерки ќе се олабавуваат по 21 јануари.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Владата го менува Законот за јавни набавки на земјава, а измените ќе одат по скратена постапка. Клучната новина ќе биде што надлежниот државен орган кој ќе набавува вакцини и ќе го склучува Договорот за јавна набавка, ќе може да плати и аванс поголем од 20 отсто на производителот, без притоа да мора да обезбеди банкарска гаранција.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.