ФАКТОР НА ДЕНОТ: Станува извесно ветото од Бугарија, денес бројката на заарзени под 1.000
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Ноември, 2020
СТАНУВА ИЗВЕСНО ДЕКА БУГАРИЈА ЌЕ ГИ БЛОКИРА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ
Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито, вели бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, откако станува се поизвесно дека ќе стават вето на македонските преговори со ЕУ.
Захариева повтори дека Северна Македонија не е подготвена да започне преговори со ЕУ.
Вето од Бугарија е повеќе од извесно, но очекувам крик на пријателство, вели премиерот Зоран Заев.
Премиерот додава дека до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од нашиот сосед.
Заев вели дека тој е подготвен, но и го подготвил народот дека е можна блокада.
Вето од Бугарија е повеќе од извесно, но очекувам крик на пријателство, вели премиерот Зоран Заев.
Премиерот додава дека до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од нашиот сосед.Барањата на Бугарија се апсурдни, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.
СО РЕАКЦИЈА СЕ ЈАВИ МАНУ
Во Промеморијата што ја објави Претседателството на МАНУ се вели дека македонскиот јазик има просторен и временски континуитет, македонскиот идентитет има етнокултурна посебност.
Даваат поддршка на евроинтеграциите, но пред сè на идентитетот и на државотворноста на македонскиот народ.
МАНУ објави документ под наслов „Промеморија за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ”.
Документот на МАНУ го објавуваме во целина:
ПРОМЕМОРИЈА ЗА ДРЖАВОТВОРНОСТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Имајќи ги предвид:
– Повелбата на ОН и универзалните придобивки кои произлегуваат од неа, посебно член 1, став 2 кој го гарантира правото на самоопределување како темелно начело на меѓународното право со еrga omnes статус;
– Лисабонскиот договор (член 2, став 3, алинеја 4) со кој се инсистира на почит кон богатиот културен и јазичен диверзитет на Европа;
– Меѓунaродниот пакт за економски, социјални и културни права (1960) и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (1960) кои го реафирмираат правото на сите народи на самоопределување како задолжително (jus cogens);БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ДЕНЕСКА ПОД 1.000
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-378, Куманово-48, Дебар-6, Штип-51, Прилеп-55, Тетово-39, Струга-27, Велес-54, Битола-44, Охрид-39, Кавадарци-24, Гостивар-54, Гевгелија-16, Струмица-19, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-27, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-1, Виница-10, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-11, Кичево-14, Ресен-11, Неготино-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од: Скопје-116, Куманово-25, Дебар-1, Штип-23, Прилеп-31, Тетово-29, Велес-20, Битола-14, Гостивар-15, Гевгелија-6, Струмица-8, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-16, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Берово-3, Валандово-2, Виница-20, Делчево-26, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-1.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.