ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стапуваат на сила нови мерки, денес 862 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Октомври, 2020
НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ - АКО НЕ ГИ ПОЧИТУВАТЕ СЛЕДАТ КАЗНИ
Од денеска стапува на сила мерката за задолжително носење маска и на отворено, откако синоќа во Собранието пратениците гласаа за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Сепак постојат исклучоци каде граѓаните не мора да носат маска, а тоа е кафулињата и останатите угостителски објекти каде постојат и се почитуваат протоколи, односно каде што има потребно растојание меѓу масите и дезинфекција. Освен тоа, маските на отворено не се задолжителни при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично), при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице или лица со кои живее во заедница, потоа при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице или лица со кои заедно живеат, маска на отворено нема да се носи ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место, за деца до 6 годишна возраст и ако лицето има специфична здравствена состојба (лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој), поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично.
Казната за непочитување на овие мерки е 20 евра.ДЕНЕС ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-390, Куманово-22, Штип-28, Прилеп-55, Тетово-48, Струга-9, Велес-53, Битола-31, Охрид-18, Кавадарци-24, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-12, Демир Хисар-4, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-9, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-6, Кичево-17, Ресен-3, Неготино-8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти од: Скопје-75, Куманово-9, Штип-10, Прилеп-16, Тетово-27, Велес-6, Битола-13, Кавадарци-6, Гостивар-5, Гевгелија-14, Струмица-14, Радовиш-6, Кочани-7, Демир Хисар-2, Берово -3, Пехчево-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1 и Неготино-1.
Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).СПАСОВСКИ Е НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од вчера е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат од МВР. Од таму велат дека Спасовски е во стабилна состојба.
„Министерот Спасовски од вчера е на Инфективна клиника поради висока температура. Неговата здравствена состојба сега е стабилна“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Инаку, министерот Спасовски во понеделникот вечерта на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19. Тој во неделата беше во друштво на премиерот Зоран Заев и неколкуте високи партиски функционери на СДСМ за време на дигиталниот конгрес на владејачката партија.ПЕНДАРОВСКИ ВЕЛИ СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ НЕМА ДА БИДЕ ЛЕСНО
Претседателот Стево Пендаровски предупредува дека ситуацијата е сериозна, а следните неколку едели нема да биде полесно, бидејќи доаѓа и сезонскиот грип.
Побара од граѓаните да ги почитуваат мерките и драстично да го намалат бројот на дружни и семејни собири.
„За жал сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува. Секојдневно имаме значителен број заболени, а бројот на оние чии животи згаснаа поради ковид е во пораст.
И најбогатите земји и најразвиени економии тешко излегуиваат на крај со оваа болест. Не барам оправдување за секој потег на нашите власти.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.